Нов закон за малцинствата во Албанија - Македонците ќе можат да изучуваат македонскиот јазик?

Во функција на донесување на законот за малцинства во Албанија, неговата драфт верзија е на јавна распарава, а албанското Министерството за надворешни работи преку јавен повик побара од сите заинтересирани страни да ги достават своите забелешки и сугестии до 28-ми овој месец.

Во тие рамки, во Тирана во организација на Народниот правобранител се одржа конференција на која свои излагање околу содржината на проект-законот за заштита на малцинствата имаа Народниот правобранител Игли Тотозани, заменик-амбасадорот на ОБСЕ во Албанија, преставници од албанското МНР, како и преставници на малцинствата во Албанија.

Според Васил Стерјовски, генерален секретар на единствената партија на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција - МАЕИ, Македонците како и сите други малцинства во Албанија активно учествуваат во подготовката на Законот, кој првпат ќе биде донесен во оваа земја.

На Коференцијата, додава тој, од страна на претставниците на малцинставта беа презентирани нивните ставови и очекувања дека конечно ќе ги добијат нивните легитимни права.

Се очекува со неговото усвојување, Македонците ќе добијат можност македонскиот јазик, покрај во селата на општина Пустец, да го изучуваат и во областите Голо Брдо, Гора, каде концентрацијата на Македонците е најголема, но и насекаде каде што има Македонци во поголем број.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно