Паѓаат цените на ВИП проститутките во Србија. Која им е цената сега?

Појавувањето на бројни старлети а ТВ екраните на српските телевизии ја симна цената на Вип проститутките.

asd2

Оние кои се запознаени со овие услуги велат дека клиентите повеќе не сакаат да плаќаат големи цифри за да бидат со некоја позната убавица, бидејќи сега во ова категорија спаѓаат сите старлети, пејачки, танчерки кои секојдневно се појавуваат во медиумите.

-Се разбира елитата останува елита, па Вип дамите кои својот буџет го дополнуваат со повремени средби со моќни и богати бизнисмени и политичари и понатаму држат цена, обаснува изворот.

Меѓу нив има и некои сосема изненадувачки имиња и не се работи само за старлети, туку и за жени со сериозни пејачки кариери, актерки…

– Генерално, цените се паднати во однос на минатите години – вели изворот кој е запознаен со ситуацијата, и објаснува:

– Во Србија во моментов работат неколку синџири на организирана проституција за т.н. ВИП клиенти. Нив им се нудат пејачки, актерки, ТВ водителки, а цените се од 1.000 до 5.000 евра за една ноќ, но највисоката цена сега ретко кој сака да ја плати. За исти или малку повеќе пари може да добијат неделен фул третман со три врвни убавици во некој од луксузните клубови во Србија, Црна Гора и Босна.

Сепак, постојат и оние кои не штедат за да бидат со познати дами.

Добар познавач на ситуацијата на пазарот за продажба на сексуални услуги, вели дека прецизен ценовник на ВИП проститутките речиси е невозможно да се направи.

– Некои од нив работат сами, без макроа и цената ја утврдуваат според моменталното расположение или според тоа колку пари во моментот има требаат. Знам некои кои држат цена од 10.000, па ако некој сака, нека повели. Но знам само една таква успешна трансакција во изминатата година. Не можам да ви кажам за кој се работи, да не ми одлета главата – вели изворот.

Четвртокот по Велигден е најсреќен во годината

Светата или Велигденска недела се смета за големо и непрекинато славење за Велигден.

Има голем број верувања и обичаи за цела недела, а токму за четвртокот по Велигден се смета дека е најсреќен четврток во годината.

Се смета за среќен и се верува дека на земјата одат само добри небесни суштества и дека сè на луѓето ќе им оди од рака.

Четвртокот по Велигден се започнува работа, дури и ако не ви одела од рака, а можете и да се помолите и сите желби ќе ви се исполнат.

Поради говор на омраза кон Црна Гора: Избришан инстаграм-профилот на Јелена Карлеуша со 2 милиони следбеници

Српската пејачка Јелена Карлеуша (45), која имаше повеќе од два милиони следбеници на Инстаграм, го изгуби профилот на оваа социјална мрежа поради говорот на омраза кон Црногорците и Црна Гора.

Со објава на Икс (поранешен Твитер), нејзиниот менаџер Зоран Бирташевиќ потврди дека профилот на Карлеуша избришан, но дека работат на тоа да го вратат.

„Поради многу пријави на профилот на Јелена Карлеуша, од бот-профили на различни IP адреси, настана привремен проблем, кој моментално го решаваме. Се ќе биде во ред“, напиша Бирташевиќ, но бргу ја избриша објавата по бројните коментари од корисниците на социјалната мрежа, кои тврдат дека не станува збор за ботови, туку за незадоволни луѓе со име и презиме.

„Јас не сум бот, ја пријавив трипати, со име и презиме, од иста IP адреса. Нека си ги реши психичките проблеми и нека продолжи да се занимава со тоа што го правеше и досега – евтина порнографија и обезбедување приход за пластичните хирурзи“, напиша еден корисник, а потоа следеа и други коментари.

Во последните две недели, Јелена Карлеуша постојано имаше изливи на говор на омраза на национална и верска основа кон граѓаните на Црна Гора. Таа го негираше суверенитетот на таа земја, ги навредуваше граѓаните на Црна Гора, ги нарече екстремисти и закана за Србите и Србија, па дури и побара од нејзините следбеници да престанат да летуваат во Црна Гора, пишуваат српските медиуми.

Политиката на Инстаграм јасно наведува дека таргетирањето, говорот на омраза против кое било малцинство, нација, религија, група и слично е забрането. Поради пријави од овој тип, Инстаграм ги брише профилите на своите корисници.

Тензично во Малме пред Евровизија! Израелската претставничка предупредена да не излегува од хотелот

На израелската претставничка на овогодинашната Евровизија, Еден Голан, ѝ беше препорачано да не ја напушта хотелската соба, освен за настапите и официјалните настани на оваа манифестација, поради пропалестинските протести во Малме, шведскиот град каде што се одржува натпреварот.

Од полицијата ѝ рекле да остане подалеку од очите на јавноста освен за време на настапите, објави „Еуроњуз“.

Таа пристигна во Малме овој викенд, среде силно обезбедување, носејќи значка во знак на солидарност со заложниците кои сè уште ги држи Хамас.

Шведската полиција е во состојба на готовност и побарала засилување од Данска и Норвешка за најголемиот европски поп-музички натпревар.

Повиците за бојкот на настанот одамна пристигнаа, а повеќе од 1.000 шведски уметници побараа да се забрани учеството на Голан, како и 1.400 фински уметнички работници.

Во петокот во Малме беше запален Куран, додека, како што пишува „Тајмс оф Израел“, еден од сторителите на палењето на муслиманската света книга бил завиткан во израелско знаме, додека палестинското знаме било газено.

Натпреварот за најдобра песна на Евровизија ќе се одржи од 7 до 11 мај во Малме.

Популарно