Проштално љубовно писмо на изневерен маж

p

Велат дека и пеколот не го познава бесот на изневерената жена. Доколку се согласувате со ова тврдење, дозволете ни тогаш да ве запознаеме со изневерениот Дин.

Драга Кони,

Знам дека терапевтот рече дека не би требало да контактираме во периодот на „ладење на врската“, но јас не можев повеќе да чекам.

Оној ден кога си замина се заколнав дека никогаш повеќе нема да разговарам со тебе, но тоа беше само малиот повреден човек во мене.

Сеедно, не помислив дека јас ќе бидам тој што прв ќе воспостави повторно контакт. Во моите соништа, ти беше онаа што секогаш на колена ми се враќаше мене. Мислам дека ова и беше потребно на мојата повредена гордост. Сега гледам дека токму таа гордост е виновна за многу лоши работи што ни се случија. Не можам повеќе да се преправам дека не ми недостасуваш. Не ми е веќе гајле како ќе ти звучи и изгледа ова што го напишав сега. Веќе не ми е важно дали ќе заборавиш да ми се јавиш. Време е да пуштиме нашите срца да зборуваат погласно од болката која ја чувствуваме.

А, моето срце сега вели: „Ниту една не е како тебе Кони. Те барам во очите и градите на секоја жена што ќе ја видам, но ниту една не е ниту близу до тебе“.

Пред две недели запознав една девојка во кафуле и ја однесов дома. Ова не ти го кажувам за да те повредам, туку да ти покажам колку се големи моите чувства. Беше млада, околу 19 години со тело кое само младоста и 10 години тренинг можат да го извајаат. Едноставно, совршено тело. Гради и задник од соништата. Буквално, сон на секој маж!

И, седиме така на троседот во дневната соба и го добивам најдоброто пу***ње во животот од оваа убавица, кога низ главата ми помина една мисла. Погледни ги овие работи кои ни се важни во животот. Се е така површно. Што воопшто му значи на некого совршено тело? Го прави ли некого тоа подобар љубовник? Добро, во овој конкретен случај - да, но, ме разбираш што сакам да кажам. Го прави ли ова тело некого подобра личност? Има ли подобро срце од мојата умерено привлечна Кони? Се сомневам. Никогаш вака не сум гледал на работите. Не знам, можеби во времето на нашата раздвоеност сепак и малку созреав.

Откако истурив половина кригла „органски јогурт“ во нејзиното грло, се фатив себе си како размислувам: „Зошто се чувствувам така исцедено и празно?“. Не стануваше збор за нејзината техника на пружање орален секс, туку за нешто друго. Некакво чувство на загуба од кое тешко можам да се решам. И, тогаш ми светна. Се чувствував празно поради тоа што ти не беше таму да гледаш. Знаеш на што мислам, така? Ништо не е исто без тебе Кони. Почнувам да лудувам по тебе. И се што правам ме потсетува на тебе.

Се сеќаваш ли на Керол, онаа самохрана мајка што ја запознавме на одмор минатата година? Помина до мене минатата недела со чинија лазањи. Рече дека сигурно не јадам како што треба без жена во домот која ќе внимава и ќе се грижи за мене. Не сфатив веднаш што мисли со тоа, но за сега не е ни важно. Главно, испивме по неколку чаши вино и, ни пет ни шест, се сексавме како зајаци во нашата стара спална соба. И, оваа стара кока го знае апсолутно секој можен трик кој можеш да го замислиш. Не можам да замислам нешто што не беше подготвена да направи во кревет, потполно неоптоварена со глупости, како вишок килограми, кариерата или децата кои можат да ја слушнат додека таа вреска од повеќекратниот оргазам. Одеднаш станува, го зема она старото огледало од баба ти и го става на ѕидот наспроти нас, за да можеме да се гледаме. И целата оваа сцена би ми била неверојатно секси ако во тој момент не се сетев на нас двајца и како тебе никогаш не би ти текнало да направиме вакво нешто.

Минатата сабота кај мене дојде сестра ти да ми го врачи примерокот од забраната за приближување. Иако е уште дете, Вики е една многу разумна личност која беше покрај мене цело време, додека ми беше тешко. Ми даваше многу добри совети во врска со тебе и жените воопшто. И најважно, навива ние двајцата да се вратиме еден на друг.

И така, си пиеме ние двајцата коктели во кадата и се сеќаваме на некои стари среќни времиња. Си размислувам: „Боже, со мене во када седи потполно гола 18-годишна девојка, која носи иста ДНК како мојата бивша сопруга и во мислите ми навираат сеќавања за тебе кога беше на нејзини години“. И, тоа ме исполни со тага. Од друга страна, се покажа дека Вики, за разлика од тебе, е сосема подготвена за анална акција, што ме потсети на сите оние години кога те убедував и ние да пробаме, и колку тебе те лутеше тоа. Сепак, гледаш ли дека, дури и додека го пробивам невиното колаче на сестра ти, мислам само на тебе?

Знаеш дека ова е вистина Кони. Сигурен сум дека длабоко во своето срце ова добро го знаеш. Зарем не би можеле да почнеме од почеток? Да го заборавиме сето она лошо што ни се случи и да почнеме да го градиме нашиот однос од темели? Верувам дека можеме. Доколку и ти го мислиш истото, те молам, јави ми се.

Доколку не мислиш, те молам барем кажи ми каде го имаш скриено е*ениот далечински управувач?!

Со љубов,

Дин.

„Наша песна" на Ѓургевденскиот Фестивал во Бања Лука

Јана Стојановска е наш претставник на овогодинешниот интернационален Ѓурговденски Фестивал во Бања Лука кој оваа година го има своето 31 во издание. Дваесетина изведувачи од Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Литванија и Македонија донесуваат нови композиции за кои организаторот се надева дека ќе станат дел од секојдневието на генерацијата која расте и сака да расте заедно без никакви граници и препреки. Токму таква е и пораката која ја испраќа песната,, Наша Песна" која ја изведува нашата  единаесетгодишна Јана. 

Јана е ученик во V одделение при основното училиште Кузман Јосифовски - Питу во Скопје и од 2023 та е член е на хорот Златно Славејче. Автори на композицијата на Јана се Ристо Самарџиев и Давор Јордановски. 

Гласајте за „Наша песна" реден број 14 на нашата Јана ОВДЕ.

На чекор од историја: Cafe De Anatolia номинирани на Beatport Awards за “Hype Label of the Year”!

Македонскиот музички бренд Cafe De Anatolia продолжува да освојува глобални признанија, а најновата потврда доаѓа од Beatport Awards 2025, каде што нивниот подбренд Cafe De Anatolia LAB е номиниран запрестижната титула „Hype Label of the Year“ (LINK: https://www.beatportal.com/articles/826178-hype-label-of-the-year-2025

Македонската електронска сцена на светската мапа

Оваа номинација е историски момент за македонскатаелектронска музика, бидејќи досега ниту еден македонски издавач или артист не бил номиниран на глобално ниво за ваква престижна награда. Со овој успех, Cafe De Anatoliaу ште еднаш докажува дека македонските уметници имаат што да понудат на светската музичка сцена.

Што значи номинацијата за Beatport Awards?

Beatport, како една од највлијателните дигитални платформи за електронска музика, преку своите годишни награди ги препознава најиновативните и највлијателни издавачки куќи. Категоријата „Hype Label of the Year“ е резервирана за лејбли кои покажуваат исклучителна креативност, оригиналност и глобално влијание. Доделувањето на наградите ќе се одржи наскоро, а македонската електронска заедница со нетрпение го очекува исходот. Без разлика на резултатите, ова признание е јасен доказ за успехот, посветеноста и визијата што ја носи Cafe De Anatolia.

“Оваа номинација за нас претставува голема чест и признание за целата работа, љубов и страст што ја вложуваме во музиката. Но пред сè, ова е признание за нашата земја – малечка по големина, но голема по душа. Горди сме што нашата визија и музика допрела до толку многу луѓе низ целиот свет. Оваа номинација не е само наша, туку и на сите млади уметници од овој регион кои сонуваат големи соништа.“ - велат од Cafe De Anatolia.

Глобален успех и соработка со луксузни брендови

Препознаени од Forbes, Entrepreneur и други светски реномирани медиуми, Cafe De Anatolia е основоположник на жанрот Organic House, поставувајќи нови стандарди во електронската музика.

Издавачката куќа не само што создава музика што го освојува светот, туку и соработува со некои од најпрестижните брендови, како што се Giorgio Armani и Four Seasons Hotels, докажувајќи дека нивниот звук е повеќе од тренд – тоа е начин на живот.

Наследство на креативност и страст

Зад оваа успешна приказна стои долгогодишна работа, иновативен пристап и страст за музика. Cafe De Anatolia, кој го обликува електронскиот звук со уникатна фузија на органски звуци, ориентални мелодии и модерни електронски ритмови, со години гради своја препознатливост.

Издавачката куќа, која денес е светски бренд, беше основана од Зоран Илиев (Billy Esteban), Моника Илиева, Никола Илиев (Nickarth/Rialians On Earth), кои заедно со своите уметници создаваат нешто безвременско.

Големо признание за македонската електронска сцена

Номинацијата за Beatport Awards 2025 не е само успех за Cafe De Anatolia, туку и големо признание за Македонија како дел од светската електронска музичка сцена. Овој успех е резултат на долгогодишната посветеност на тимот и артистите, кои со својот автентичен звук освојуваат слушатели од целиот свет.

Доделувањето на наградите ќе се одржи наскоро, а македонската електронска заедница со нетрпение го очекува исходот. Без разлика на резултатите, фамилијата Илиеви веќе го остави својот печат во музичката историја.

Храбар потег: Ја сретнал на фонтана и веднаш ја бакнал!

Минатиот петок дечко бакнал на улица млада девојка од Ријека. Ништо необично за една петочка вечер. Но, тој бакнеж оставил толку силен впечаток на девојката па таа решила да го бара дечкото по секоја цена.

– Беше кратко, но незаборавно. Дечкото е со кафеава коса, а носеше црна кожна јакна, раскажа девојката.

Како што раскажува девојката, таа и три нејзини другарки се сретнале на плоштад во Ријека, кога кај фонтаната им пришол млад дечко и ја бакнал девојката. Веќе во понеделникот изутрина таа јавно кажала дека сака момчето да и се јави, при што порталот РијечанИн ја одиграл улогата на посредник.

– Ние четири излеговме во петокот на 8ми март да прошетаме, а малку и да се напиеме. Кај фонтаната на плоштадот Коблер другарка ми на шала ме испрска со вода и јас целата бев мокра. Во тој момент дојде еден дечко, ми кажа дека сум многу убава и ме бакна. Но, набрзо си замина, а јас не стигнав ни да го прашам како се вика. Сега го барам, сакам да го запознаам бидејќи тој и неговиот потег многу ми се допаднаа – раскажа девојката за РијечанИн.

Мистериозниот заводник не чекаше долго за да се јави. Имено 19 годишното младо момче со иницијали П.Ј., кого редакцијата го нарече Петар, набрзо се јавил и кажал дека тој ја бакнал девојката.

Еве како романтичниот краток состанок изгледа од негов агол:

– Бев излезен со другарите и бевме доста весели. Знаете како оди тоа кога ќе се опуштиш за време на викендот. Здогледав една група на прекрасни девојки и пријдов на најубавата и ја бакнав. Бевме секој со своето друштво и немавме време да поразговараме подолго. Кога го видов нејзиниот повик денеска, без многу размислување одлучив да и се јавам – раскажа „Петар“.

А заклучниот коментар за РијечанИн го даде и младата девојка:

– Среќна сум зошто го пронајдовме момчето кое беше заслужно за еден прекрасен и романтичен момент. Веќе се слушнавме и во најбрзо време се надевам дека ќе излеземе на кафе и ќе се запознаеме подобро. Јасно ми е дека овој наш необичен потег, потрага по дечко, многумина го протолкуваа и како шала, но мене навистина драго што преовладуваа позитивни коментари и дека секогаш треба да бидеш упорен во нешто што сакаш да го оствариш.

Популарно