СРБИЈА ВО ШОК: Осмодделенци имале орален секс пред своите соученици!

Ученици од осмо одделение од едно основно училиште во Белград имале орален секс пред целото одделение, а наставниците и директорот на училиштето се обиделе да го забошотат целиот случај, пренесува поралот „Аваз.ба“.

ucenici-studenti-610x320

Овој неверојатен скандал се случил уште во декември, а како што пренесува порталот во училиштето наводно се обиделе да се затскрие случајот, додека родителите барале се да се истражи и да се испита.

Родителите на учениците кои приуствувале на вистински „порно-филм“ во училницата, изјавиле дека се шокирани кога нивните деца им раскажале што се случувало.

Еден од родителите изјавил дека неговото дете му раскажало како една негова соученичка пред сите ученици орално го задоволила својот врсник, кој влегол на час кога видел дека наставничката по хемија излегла од училницата и не се вратила половина час. Децата биле во шок од тоа што се случувало. Некои дури се преправале дека не гледале што се случува, некои навивале, а имало и такви кои со своите мобилни телефони снимале се што се случувало.

– Нашите деца долго време молчеа за овој случај, но потоа едно по едно почнаа да ни кажуваат што се случило. Откако се дознавме , повеќе немаме мир. Едно девојче веќе е испишано од училиштето, а и другите родители размислуваат да го направат истото – изјавиле родителите за српскиот портал „Информер.рс“.

Родителите најмногу биле погодени од тоа што наставниците и директорот се обиделе да го забошотат целиот случај.

– На наставничкиот совет веќе се расправаше за секс скандалот, но директорот на училиштето како и повеќето наставници, инсистираа се да се забошоти. Еден од наставниците дури изјави :„Па што кревате толку голема врева, сексот е здрав“ – додале во својата изјава родителите

Девојчето и момчето кое практикувале орален секс пред целото одделение неколку дена не доажале на училиште, но нивните родители потоа негирале се што се случувало. Родителите предупредиле дека е недопустливо овој случај да се „сокрие под тепих“ бидејќи стравуваат што би можело да се случи следно по овој скандал. Тие порачале дека надлежните мораат под итно да превземат нешто со овој случај.

Директорот на училиштето изјавил дека во тек е постапка која треба да покаже што навистина се случило на часот по хемија. Тој кажал дека за овој случај го известиле Министерството за образование, полицијата, училишната управа како и тимот за превеницја на насилство во училиштата.

Учениците кои се споменуваат како актери во овој немил случај дале изјави во кои тврдат дека ништо не се случило. Но, тоа треба да го утврдат надлежните за овој инцидент.

Во српското министерство за образование изјавиле дека добиле информација дека во едно основно училиште во Белград се случило сексуално насилство. Се наведува дека насилството го извршил ученик од осмо одделение над девојче од иста возраст.

Четвртокот по Велигден е најсреќен во годината

Светата или Велигденска недела се смета за големо и непрекинато славење за Велигден.

Има голем број верувања и обичаи за цела недела, а токму за четвртокот по Велигден се смета дека е најсреќен четврток во годината.

Се смета за среќен и се верува дека на земјата одат само добри небесни суштества и дека сè на луѓето ќе им оди од рака.

Четвртокот по Велигден се започнува работа, дури и ако не ви одела од рака, а можете и да се помолите и сите желби ќе ви се исполнат.

Поради говор на омраза кон Црна Гора: Избришан инстаграм-профилот на Јелена Карлеуша со 2 милиони следбеници

Српската пејачка Јелена Карлеуша (45), која имаше повеќе од два милиони следбеници на Инстаграм, го изгуби профилот на оваа социјална мрежа поради говорот на омраза кон Црногорците и Црна Гора.

Со објава на Икс (поранешен Твитер), нејзиниот менаџер Зоран Бирташевиќ потврди дека профилот на Карлеуша избришан, но дека работат на тоа да го вратат.

„Поради многу пријави на профилот на Јелена Карлеуша, од бот-профили на различни IP адреси, настана привремен проблем, кој моментално го решаваме. Се ќе биде во ред“, напиша Бирташевиќ, но бргу ја избриша објавата по бројните коментари од корисниците на социјалната мрежа, кои тврдат дека не станува збор за ботови, туку за незадоволни луѓе со име и презиме.

„Јас не сум бот, ја пријавив трипати, со име и презиме, од иста IP адреса. Нека си ги реши психичките проблеми и нека продолжи да се занимава со тоа што го правеше и досега – евтина порнографија и обезбедување приход за пластичните хирурзи“, напиша еден корисник, а потоа следеа и други коментари.

Во последните две недели, Јелена Карлеуша постојано имаше изливи на говор на омраза на национална и верска основа кон граѓаните на Црна Гора. Таа го негираше суверенитетот на таа земја, ги навредуваше граѓаните на Црна Гора, ги нарече екстремисти и закана за Србите и Србија, па дури и побара од нејзините следбеници да престанат да летуваат во Црна Гора, пишуваат српските медиуми.

Политиката на Инстаграм јасно наведува дека таргетирањето, говорот на омраза против кое било малцинство, нација, религија, група и слично е забрането. Поради пријави од овој тип, Инстаграм ги брише профилите на своите корисници.

Тензично во Малме пред Евровизија! Израелската претставничка предупредена да не излегува од хотелот

На израелската претставничка на овогодинашната Евровизија, Еден Голан, ѝ беше препорачано да не ја напушта хотелската соба, освен за настапите и официјалните настани на оваа манифестација, поради пропалестинските протести во Малме, шведскиот град каде што се одржува натпреварот.

Од полицијата ѝ рекле да остане подалеку од очите на јавноста освен за време на настапите, објави „Еуроњуз“.

Таа пристигна во Малме овој викенд, среде силно обезбедување, носејќи значка во знак на солидарност со заложниците кои сè уште ги држи Хамас.

Шведската полиција е во состојба на готовност и побарала засилување од Данска и Норвешка за најголемиот европски поп-музички натпревар.

Повиците за бојкот на настанот одамна пристигнаа, а повеќе од 1.000 шведски уметници побараа да се забрани учеството на Голан, како и 1.400 фински уметнички работници.

Во петокот во Малме беше запален Куран, додека, како што пишува „Тајмс оф Израел“, еден од сторителите на палењето на муслиманската света книга бил завиткан во израелско знаме, додека палестинското знаме било газено.

Натпреварот за најдобра песна на Евровизија ќе се одржи од 7 до 11 мај во Малме.

Популарно