ВИДЕО: Ова е првото „Ламбургини“ произведено на Косово

Дритон Селмани од Косово покажа дека секој може да направи спортски автомобил. Во сиромашниот крај во кој што живее и натаму наместо автомобили се користат коњски запреги, па неговиот направен „ламборџини“ е вистинска атракција.

lamborgini-620x350-84475

-Секој сака да има скап автомобил. Никако не можев да си дозволам такво возило, зошто знаев дека тоа е суперлуксузен бренд со висока цена, па ми дојде логично да си направам едно. Мислам дека направивме добра работа, пријателите одлично ме прифатија исто така и роднините, соседите и познаниците. Добро е, рече Дритон Селмани.

Работата траела повеќе од година дена. Користел каросерии и делови од други автомобили кои му биле на располагање. Внимателната работа на крајот му се исплатеше. Резултатот е импресивно возило со кое сега се вози низ цел град и околината. Освен волја за изработка на автомобилот од соништата, потребна му била и помош од пријателите.

-Јас сум ентузијаст за спортски автомобили и мојата работа е поправање на возила. Разговарал со колегите и ги прашав: Сакате ли да направиме такво нешто? Ми требаше нивната поддршка за да почнам и така тргна работата. Почна како мала авантура, а додека работевме резултатите беа одлични и така го добивме ова, рече Дритон.

Уникатниот лимен љубимец има мотор од 222 коњски сили. Оригиналниот мотор на ваквото ламборџини исто така е посебен и е произведен само во 21 примерок. Секој има мотор со 660 коњски сили, а ако сака да го купи, мора да издвои милион и шесто илјади долари.

Погледнете го видеото:

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно