Македонскиот центар одигра одличен меч, но неговиот Фенербахче не успеа да се искачи на врвот од Европа.
Фенербахче и Перо Антиќ не успеаа да дојдат до трофејот откако во продолженијата беа поразени од екипата на ЦСКА Москва.
Антиќ одигра одлична партија за минутажата која ја имаше, постигна 16 поени за 17 минути и општ впечаток е дека Обрадовиќ погреши што не го остави повеќе на паркетот.
Еден од поените на Антиќ беше атрактивното забивање кое се најде меѓу најдобрите пет потези на финалето.