Внимавајте: BOSCH i SIEMENS машините за садови предизвикуваат пожари

Машините за миење садови  од BOSCH i SIEMENS, произведени од 1999 до 2005 предизвикуваат пожари, поради технички неисправни елементи во процесот на производство. Досега вакви случаи биле регистрирани насекаде во светот. Досега во Македонија никој не пријавил дека имал ваков инцидент, но во светските медиуми наголемо се пушува. Производителите откако ја увиделе фабричката грешка решиле да спроведат кампања за предупредување на своите купувачи. Проценките се дека на пазарот има продадено околу 1 милион машини со ваква фабричка грешка и сите тие се со потенцијален ризик од пожари.

Во продолжение видете дел од фотографиите на вакви случаи.

1

2

3

Сите кои имаат во својот дом машини од овие брендови, произведени во овие години, не е лошо да ги контактираат овластените дистрибитери во Македонија.

ВИДЕО: Диви свињи се шетаат во скопски Жданец

Диви свињи речиси секоја вечер се шетаат во скопската населба Жданец. Жителите ги гледаат често, а еден од нив успеа да ги сними и да ни прати видео.

До сега немале никаков проблем со нив, ниту нападнале некого, ниту направиле некаква материјална штета. Но сепак станува збор за диви животни и ги предупредуваат соседите да внимаваат.

ВИДЕО: Ново игралиште и турнир во мал фудбал - Љубанци

Љубанци конечно доби ново игралиште по сите стандарди. Општина Бутел постави вештачка трева, трибина со над 200 столчиња, а игралиштето е осветлено и може да се користи и ноќно време. Истовремено беше отворен и меморијалниот турнир Љубанци 2022 во чест на загинатите бранители од 2001 со потекло од од оваа скопска населба. Љубанци е дел од општина Бутел и се наоѓа на скопска Црна Гора.

Вреди да се посети.

Популарно