ЖИВОТНО: Малолетничка силувана два пати од исто лице

Триесет и едно годишната С.М. од Кочани вчера пријавила дека пред два дена нејзината 14 годишна ќерка била два пати силувана.

siluvane

Според пријавата И.М. (31) од Кочани во два наврати извршил силување и други полови дејствија врз малолетничката. Од полицијата информираат дека пријавениот со возило ја однел малолетничката на местото Гумата, село Грдовци насилно ја извлекол од автомобилот, ја соблекол и ја допирал по интимните делови и ја бакнувал. Истото дело го повторил веднаш потоа, на периферијата од градот.

Девојчето во двата случаи се обидело да се оттргне од него и барало помош.

Истрагата треба да покаже како девојчето се нашло во автомобилот на И.М.,а полицијата ги превзема сите мерки за расчистување на случајот.

Имено, во саботата мајката во полицијата пријавува дека еден ден претходно (петок 18.11) по кратка расправија со ќерката, истата се оддалечила во непознат правец.

78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка

Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и  патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, соопштува МВР.

Почина таткото на Тоше, Никола Проески

По долго боледување, почина таткото на Тоше, Никола Проески.

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

„Светол патот, татко мој“, напиша таа.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. 

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше. Замина денес, на Велики четврток, после долго боледување.

Веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка, со зборовите:

-Светол патот, татко мој.

Родителите на Тоше, кој почина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска, Доминика и Никола, живееа повлечен живот по смртта на нивниот син и не се појавуваа во јавност.

Семејството Проески се уште нема објавено детали за последното испраќање на таткото на легендарниот музичар и хуманист Тоше.

Популарно