23 годишно момче од Србија се самоуби-скокнал од мост врз испишани стихови од песна на Тоше Проески

23 годишниот Филип Димитријевиќ од Београд се фрли од Бранковиот мост. Телото на несреќното момче е најдено вчера околу 2:30 на местото на кое е нацртано големо срце.

Мотивот за самоубиството не е познат, затоа што момчето позади себе не оставил проштално писмо.

-Момчето падна од 15 метри висина на големо нацртано срце на шеталиштето, над кое стоел натпис: „ Се е ова премалку за крај“. Најверојатно се работи за невозвратена љубов како мотив, но тоа треба да биде утврдено, вели за српски Курир извор од истрагата.

Овие стихови се од песна која постхумно беше објавена на нашиот Тоше Проески.

Ова момче и претходно имало суицидни намери.

Еден од роднините на Филип кој дошол да изрази сочуство вели дека мајка му и сестра му се целосно скршени од болка. Тој надополнува дека ништо минативе денови не укажувало на такво нешто.

plocnik-smrt

Еден од познаниците на Филип вели дека тој не бил во врска.

„Филип имаше девојка, но се разделија пред година дена. Не знам дали тоа има врска со невогото самоубиство“, вели неговиот познаник.

Неговите соседи за него имаат само пофални зборови, не им се верува дека ова навистина се случило.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно