Грчките медиуми за претседателските избори во Македонија

Речиси сите грчки медиуми денеска, претежно беа коментар, јавуваат за претседателските избори што ќе се одржат во недела во Македонија.

08012013223756_izbori

Потенцирајќи дека иако има четворица кандидати, трката ќе се води меѓу Иванов и Пендаровски, медиумите во Грција се осврнуваат само на нивните ставови околу името на Македонија.

„Прашањето за името доминираше во кампањата на Иванов и тој се покажа како ’чувар’ на името во целост идентификувајќи се со познатите позиции на Груевски. Во овој контекст, Иванов на секој митинг повторуваше дека ако биде реизбран за претседател нема да дозволи никаква промена на Уставот со цел промена на уставното име на Македонија, без претходно да се одржи референдум за прашањето на кој луѓето ќе се изјаснат што мислат“, коментираат грчките медиуми и додаваат дека Иванов ја обвини Грција оти со нерешавањето на прашањето за името ја попречува европската и евроатлантската перспектива на земјата.

„Во врска со прашањето за името, Пендаровски истакна дека навистина е најсериозен проблем за земјата, но кој не може да биде решен од страна на една личност или партија во земјата и оти за справувањето со ова прашање потребен е широк национален консензус. Кандидатот на опозицијата ја обвини Владата дека го експлоатира прашањето за името за домашни политички цели и за да ги покрие другите неуспеси“, јавуваат грчките медиуми.

Во грчките извештаи за претседателските избори во Македонија, потоа воглавно се објавуваат општи и технички податоци од изборниот законик и информацијата дека „според аналитичарите, досегашниот претседател Иванов има најголеми шанси да обезбеди уште еден мандат“.

Грците потсетуваат дека на изборите има четворица кандидати Ѓорѓе Иванов (кандидат на владејачката партија ВМРО- ДПМНЕ), Стево Пендаровски (кандидат на опозицискиот Социјалдемократски сојуз), Илијаз Халими (кандидат на опозициската Демократска партија на Албанците) и Зоран Поповски (кандидат на новоформираната партија Гром), и оти „најголемата партија на Албанците во Македонија , ДУИ на Али Ахмети, која учествува во коалициската Влада на земјата, нема кандидат на овие претседателски избори и ги повика албанските гласачи во земјата да не поддржуваат ниту еден кандидат“. ј

Коментари

Популарно