Скопјанка пронајдена почината во својот дом во Аеродром

Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Аеродром била пронајдена почината Т.М.(54) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.  

Со пендрак претепал машко лица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Б.Б., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор Пехчево при Регионалниот центар за гранични работи Исток, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.

Имено, на 13.04.2024, при преземање службени дејствија, пријавениот неовластено и прекумерно употребил физичка сила и извршил физичко насилство врз машко лице од село Чифлик, пехчевско, при што со гумена палка-пендрек му нанел телесна повреда, информираа од МВР. 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе и предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и Б.Б. ќе биде суспендиран од работното место до завршување на постапката и ќе му биде одземено службеното оружје и муниција. 

Намалени производството и продажбата на шумски производи

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2024 година е намалено за 13,3 отсто во однос на првото тримесечје од 2023 година, а продажбата на шумски сортименти изнесува 22 933 метри кубни и бележи намалување за 19,2 процента.

Според податоците од Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови и кај огревното дрво од листопадни видови, а намалување кај повеќето видови шумски сортименти.

Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката

Вчера во 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на надвозник Глумово, патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(19) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.Ш.(18) од с.Ласкарци, скопско, а со телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Популарно