Заев имаше средби со жителите на Аеродром и Кисела Вода

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вчера на жителите на општините Аеродром и Кисела Вода им ја презентираше изборната програма на неговата партија.

zaev-glavna1rh4r65yre

Меѓудругото,тој истакна дека таа содржи мерки за намалување на казните за 50 отсто, намалување на таксите за извршители, како и субвенционирање на фирмите кои ќе вработуваат млади луѓе.

- Жителите се загрижени за иднината на своите деца. Вработувањето по струка е голем проблем кај младите. Дуќанџиите се пожалија дека глава не можат да кренат од големите казни и извршителите, рече Заев.

Ги повика на 27 април масовно да излезат на гласање. - Продолжуваме заедно, чесно и достоинствено за подобро утре на сите граѓани, додаде Заев.

Носителката на кандидатската листа за пратеници од СДСМ во Изборната единица 1, Рената Дескоска рече дека ќе воведат евтина викенд тарифа, ќе обезбедат 10.000 денари минимална плата, за младите во Скопје ќе изградат Студентски град.

Коментари

Популарно