Викенд хороскоп

ОВЕН

Некое време, најверојатно, ќе се насочите кон потрошните материјални добра, парите, егзистенцијата, но и проверка на некакви лични вредносни системи, и тоа како сте ги проценувале нештата во изминатиот период. Од друга страна, на истата тема можни се и некакви неочекувани брзи акции и случувања, врзани за финансии, пари, последици од некакви изминати времиња кои сте ги заборавиле, можни загуби, големи тензии. Внимавајте на губење пари, внимавајте некој да не ви ги украде, одземе, внимавајте на мешаници и турканици, и на ова внимавајте постојано во еден догледен временски период.

БИК

В недела околу 5 часот изутрина сонцето влегува во вашиот знак и по тој повод ви ги честитам претстојните родендени со најубави желби. За жал, останатиот планетарен мизансцен не е баш славенички поставен, посебно поради активноста на кардиналниот Т-крст, кој може на виделина да ги извади сите ваши скриени стравови, и тоа по практични поводи, сите тајни и конспиративни нешта што сте ги правеле во изминатиот период, од кои некои нема да бидат без опасности за вас вашиот психолошки, а можеби и физички интегритет, некои од нив и со законски последици, во зависност од конкретните случувањава. Ваквите нешта може да бидат доминантни во следните десетина дена

БЛИЗНАЦИ

Интересно е дека во следните три дена вашиот социјален живот и дружби можат енормно да се зголемат, што за вас, секако, нема да биде многу чудно, но паралелно со вашите дружења, ќе настапуваат и конкретни, можеби за вас и ненадејни ситуации, состојби, случаи на расчистување со некакви пријателства, тенденција да се ослободите од некои дружби и контакти, кои веќе ве заморуваат со својата конкретна содржина, посебно ако во таквите дружења има и конкретни материјални на ти го - дај ми го, позајмици, долгови, тензии или спор околу некакви пари или друг вид на потрошни материјални добра, но можни се и други причини. Од овој Велигден натаму, десетина дена расчистувањата ви се неминовност.

РАК

Иако дневните аспекти на Месечината се во најголем дел одлични, што секако, ќе придонесе за една општа славеничка атмосфера, од недела вашето внимание може да се пренасочи кон некакви статусни потреби, односи со едниот родител, можеби некакви обиди за ослободување од неговата доминација и настојчивост, некакви его пориви со засилена суетност и чувствителност на угледот и значењето што мислите дека го имате во вашата околина, а притоа истото ќе се проверува во многу конкретни ситуации и односи, кои можат и да не се многу пријатни за вас, бидејќи можат да донесат и последици ако сте настојчиви во некои свои побарувања.

ЛАВ

И за вашиот знак најголемиот дел од вниманието во следниот месец ќе го насочувате кон прашањето на успешноста, статусот и статусните придобивки, можеби и обележја, кон односот и проблемите со едниот родител, најчесто машкиот, но и доминантниот. Во секој случај, ќе бидете насочени да $ се претставите на вашата околина, ќе ви годат публицитет, популарност, препознатливост, но токму на овие планови во следните десетина дена можете да ги доживеете и вашите најголеми дебакли, сe во зависност од тоа колку сте инвестирале во тоа во изминатиот период и, секако, од вашите лични хороскопи.

ДЕВИЦА

Во следниот период ќе бидете посветени на некакви идеи и на нивната разработка во конкретни детали, на односите со подалечните роднини или со односите со блиските на партнерот, со некаква документација, но тоа по празникот, а за празникот некои од вас ќе се упатат на некој пат во странство. Вниманието во следните триесетина дена може да ви е насочено и кон пари на партнерот или пари кои не се ваши, но ви се дадени на чување, управување, на владеење. Кон сето речено, а и многу повеќе во следните десетина дена може да имате многу конкретни и брзи случувања, полни со активности кои можат да значат и загуби за вас, непријатности, како дел од некаков расчистувачки процес.

ВАГА

Следните триесетина дена ќе морате да се приспособите на огромното количество силни чувства со кои влегувате во некои релации, кои и не мора да се чувствени, љубовни, секако, сексуални туку кон сe кон што имате силни мотиви и посакувања. Барањето за некаква поддршка ве прави калкулативни и пресметливи, а токму таквите пориви и настојувања ќе бидат причина за губење, можеби на некаков однос, контакт партнерство. Ќе имате многу можности за расчистување на некакви односи и сметки со постојниот партнер, ако тие не се во ред подолг временски период. Нема да бидете задоволни од расчистувањето, па затоа не инсистирајте.

СКОРПИЈА

Знам дека повеќето од читателите, без оглед на кој знак му припаѓаат, очекуваат да прочитаат многу убави нешта по повод празникот, со еден збор многу лажливи посакувања, описи на среќна иднина и слично. За жал, ги толкувам само небеските аспекти и положби на дневен план, понекогаш, како денес, и нешто повеќе кој, секако, до утре ќе биде заборавен. Во следните триесетина дена вашето внимание ќе биде насочено кон јавните случувања, политиката, партнерот, партнерските односи, популарноста и рејтингот кој го имате. Многу проблеми се можни со деца, но и поради вашите љубовни пориви, сакања и посакувања, хедонистички и саможиви навики, задоволства, со потенцијал многу да загубите поради истите.

СТРЕЛЕЦ

Приспособување на секојдневните конкретни обврски, услуги од други или ваши кон другите, грижа за некого или за нешто, грижа и нега на нечие здравје, можеби и вашето, но најчесто на некој друг, многу контакти со личности на подолни скалила од вашето, луѓе попрости, но секако, не и помалку настојчиви од образованите. Многу конкретни, напнати случувања на овие и на други планови, немање поддршка, финансиски тешкотии и загуби, расправии. Морате да бидете исклучително флексибилни, приспособливи, ако не сакате да бидете изложени на многу загуби во следните десетина дена.

ЈАРЕЦ

Според тоа што се случува со аспектите, овие 3 три дена би требало да бидат исклучително возбудливи по нивната содржина. Подолг временски период ќе бидете насочени кон децата, чувствата кон личност од спротивниот пол, хедонизмот и земските задоволства, шпекулации со пари, не без ризици и неизвесности. Јупитер, Уран и Плутон во зодијакот се исклучително активни и создаваат исклучителни тензии на јавен план, на планот на партнерствата, и тоа за многу конкретни причини и нешта, а сето може да се разреши единствено низ разговори, договарања, муабети, инаку се можни големи недоразбирања, нервози. Последниве аспекти траат десетина дена.

ВОДОЛИЈА

Влегувањето на Сонцето во знакот на Бик за вашиот знак не е нешто од што би требало да бидете одушевени, бидејќи претпоставува доста тврдоглавост и упорност на некој домашен, можни тензии со родител или, пак, започнување на некакви промени во домот, а можеби и смена на самиот дом, но и започнување или завршување на некои нешта, работи, активности. Периодот во кој ова се случува е обвиткан и со влијанието на уште еден голем космички дизајн наречен Т-крст, со кардинални својства, што претполага доста брза и моментална силна акција и активност, расправии, опасности, најмногу во сообраќајот, со сите можни последици

РИБИ

Вашите интереси и внимание ќе бидат насочени кон комуникациите, посочување или поучување на некого или некои на заборавените универзални вредности и доблести, сочувствување со другите. Но големиот космички дизајн, кој е активен, претпочита брза конкретна акција и ваша реакција, а вие не можете да се пофалите баш со брзи реакции, та оттаму нерешителност во ситуации, опасности поради тоа, збунетост, посебно во сообраќајниот метеж, и можности за случувања со не мали последици. Ова секако не се однесува само на триве празнични дена туку на следните десетина.

Коментари

Популарно