Денеска покрај верски во Македонија ќе биде и спортски празник!

Ракометарите на Металург попладнево на ќе се пробаат против реномираната големиот Кил. Тие  ја отвораат четврт-финалната серија настапи на македонските екипи во Лигата на шампионите.

Македонскиот вицепрвак ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен и во преполната арена  „Борис Трајковски’’  во првиот четврт-финален дуел против Кил да оствари победа.

metalurg sal

Ваквиот оптимизам во редовите на тимот од Автокоманда, се должи на фактот дека сезонава ниту еден тим не успеал да го порази Металург пред својата публика.

Натпреварот Металург – Кил започнува од 18 часот и 30 минути, а е вториот од четвртфиналето кој ќе се игра денеска. Во првата средба П.С.Ж. за противник ќе ја има унгарската екипа Веспрем.

kil

Утре на програмата е дуелот меѓу Рајн Некар Ловен и Барселона, додека во понеделник македонскиот шампион Вардар на гостински терен во Германија ќе го одигра првиот натпревар против Фленсбург.

Коментари

Популарно