21 Април е малер датум за Фленсбург

Ракометарите на Вардар за половина час во Германија ќе го одиграат првиот натревар од двомечот со Фленсбург од 1/4 финалето на Лигата на шампиони. Вардар веќе елиминираше еден бундес лигаш оваа сезона, и тоа Европскиот шампион Хамбург. Вардарци и во овој дуел фаворитската улого му ја препуштаат на Фленсубрг, иако освен несомнениот квалитет на ростерот на црвеноцрните  има и уште една позитивна информација за Вардарци.

hitportal-vardar

Имено, германскиот ракометен бундеслигаш Фленсбург иако самиот го одбра 21 април како датум за првиот меч од четвртфиналето од Лигата на шампионите, чудно е зошто не го одбегна, затоа што во минатото му носел само неуспеси.

Можеби Германците сакале да го почитуваат правилото „трета – среќа“ и да заборават на елиминацијата од четврт-финалето во ЛШ пред 12 месеци, која ја најави поразот од Хамбург на домашен терен со 32-26, токму на овој датум.

Две години пред тоа, во 2011, Фленсбург доживеа вистинска катастрофа на 21 април и тоа повторно пред својата публика. Атлетико Мадрид го победи со 38-24 и ги реши дилемите за пласман во фајналфор.

И во двата случаја Фленсбург победил на вториот меч, кога играше како гостин, но не успеал да ја анулира разликата. Се надеваме дека слично сценарио ќе има и против Вардар денеска, на уште еден 21 април.

Коментари

Популарно