(Фото) Преполовен автомобил има и повредени: Тешка сообраќајка на Партизанска

Тешка сообраќајна незгода се случи пред помалку од половина час на булеварот „Партизански одреди“ во непосредна близина на слаткарницата „Палма“.

Според првичните информации, во несреќата учествувале мотор и патничко моторно возило кое од јачината на ударот е преполовено.

Булеварот е целосно затворен на потегот од „Сити Мол“ до мостот „Обединети нации“ и се одвива по околните улици.

Повеќе детали се очекуваат од МВР.

Извор: Skopje1.mk

Поевтинуваат горивата од полноќ

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.05.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.05.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,602 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.05.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 44,007 ден/кг.

Цените на храната во земјава двојно повисоки од нивото на светските цени

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска денеска оцени дека во земјава се уште нема позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната. Ако се спореди нивото на цените на храната со предпандемискиот период, тие, рече, се речиси двојно повисоки од нивото на светските цени на храната.

Одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на најновите макроекономски проекции, Ангеловска-Бежоска истакна дека е позитивно тоа што согласно меѓународните финансиски институции, се проектира натамошен пад на цените на храната оваа година, а стабилизирање на нивното ниво наредната година, што остава простор за одредени надолни корекции.

-Ако се погледне движењето на светските цени на храната од средината на 2022 година, има речиси континурано намалување, но според последните податоци, се уште не се вратени на предпандемиското ниво и се повисоки за околу 17 - 18 отсто. Доколку овие трендови ги споредиме со трендовите во домашната економија, може да констатираме дека не се целосно синхронизирани. Кај нас, растот на цените на храната почна подоцна од растот на светските цени на храната и се уште не гледаме позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната.

Таа потсети дека ценовната политика е детерминирана од повеќе фактори.

Приведен криминалец баран со потерница

Вчера во 23.50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ф.Б.(27) од Гостивар. 

Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Популарно