Здраво млади - Натпревар на средношколски бендови и артисти

Натпреварот на средношколските бендови и артисти, „Здраво млади“ ќе се одржи на 17-ти Мај во МКЦ, со почеток во 20.30 часот.

zdravomladi

По периодот на отворен повик за пријавување и преслушување на пристигнатите апликации избрани се следниве изведувачи:

1.Мазно, ама не е

2. Equinox

3.Хендикеп

4. ASK

5. Leitmotiff

6. Palindrome

Како специјален гостин на овој настан ќе се претстави BUCO beatbox, кој што ќе ги изведе неговите најголеми хитови. Тој и останатите бендови ќе ви ја дадат загарантираната забава.

Влезот ќе биде слободен, а секој посетител ќе добие бесплатен билет кој ќе биде искористен како глас за својот фаворит.

Секој од изведувачите ќе настапи со 3 авторски песни, а најдобриот според гласовите на публиката ќе настапи на отворањето на четвртото издание на фестивалот на нова музика „Здраво Млади“ кој ќе се одржи на 23.мај во МКЦ.

Испратено од Мартин

Коментари

Популарно