Со автомобил се обидел да ја пробие полициската блокада во Ѓорче Петров

Ситуацијата во скопската населба Ѓорче Петров не се смирува. Иако полицијата засега има контрола над насбраните, според очевидци предмалку маж кој доаѓал од правецот на Сарај, со автомобил насилно се обидел да ја пробие полициската блокада. Полициските службеници го спречиле овој обид.

ubieno-dete-gorce-2

Улицата кај очната клиника „Свети Лазар“ во Ѓорче Петров веќе два часа е блокирана. На местото се наоѓаат голем број на граѓани, полициски службеници и специјалци. На тоа место денеска беше убиено деветнаесетгодишно момче, матурант од Скопје кој, според очевидците, тргнал да го бара украдениот велосипед, бил пречекан од тројца напаѓачи, кои крвнички го усмртиле со секири.

Полицијата сѐ уште врши увид и до овој момент за медиумите не е потврден идентитетот на момчето.

Од МВР потврдуваат дека се работи за момче родено 1995 година, кое било претепано со засега непознати предмети.

Коментари

Популарно