Џенифер Лопез нема да настапи на отворањето на Мундијалот

Американската поп пејачка Џенифер Лопез нема да настапи на церемонијата на свеченото отворање на Светското првенство во фудбал што почнува во четврток во Бразил како што беше претодно најавено, соопшти денеска ФИФА.

Jennifer-Lopez-Best-Picture-Wallpaper

Во соопштението се вели дека причините за ваквото решение, донесено на само три дена пред свеченото отворање, се од „продукциско-продуцентска природа“ поврзани со главната песна на Мундијалот „Ние сме едно“.

Лопез требаше да настапи заедно со раперот Пибул и бразилската пејачка Клаудија Лејте. Раперот и Бразилката ќе се појават на свеченото отворање, пеејќи наместо со Амерканката од латинско потекло, со тапанарите Олодум.

Претставник на ФИФА, кој изрази жалење поради ваквата смена во составот на настапувачите на главната песна на ова Светско првенство, рече дека „продукциските причини“ ја елиминирале Лопез.

Таа претходно беше воодушевена од можноста да се појави на свеченото отворање на бразилскиот фудбалски Мундијал.

- Станува збор за прослава на единството на еден глобален настан, на натпреварувачкиот дух и на силината на спортот, рече Лопез, кога беше соопштено дека таа е меѓу тројцата пејачи.

На церемонијата на отворањето, што ќе ја следат преку 60 илјади гледачи на стадионот во Сао Паоло ќе настапат 600 учесници, меѓу кои има и акробатски гимнастичари, играчи на жица, транполинисти, како и борци во боречки вештини.

По 20 минутната церемонија на отворањето, ќе се се одигра првиот натпревар на овогодипниот Мундијал, меѓу домаќинот Бразил и Хрватска.

Коментари

Популарно