Скандлозно: ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) сумирајќи го судењето на неодамна завршеното Светско првенство во Бразил оцени дека судиите добро си ја завршиле работата со мали исклучоци, а таков беше случајот со арбитерот поради кој Босна и Херцеговина предвреме го заврши Мундијалот.

oliri

- Сакавме се да помине без скандал и ниту една репрезентација да не биде испратена дома поради судиска грешка, што судиите успеаја да го остварат со исклучок на Босна, е наведено во анализата на ФИФА. БиХ загуби во првото коло од Аргентина со 2:1, а потоа во одлучувачкиот меч доживеа пораз од Нигерија од 1:0, но судијата Питер О Лири од Нов Зеланд, на Един Џеко при резултат 0:0 му поништи чист гол наводно поради офсајд. Во медиумите беше објавена фотографија на која се гледа како судијата по натпреварот се радува со Нигеријците, по што следуваа бурни реакции од босанските навивачи, а полицијата испитуваше неколку упатени закани по животот на О Лири.

Коментари

Популарно