ВИДЕО: Погледнете како репортер на Ал Џазира заплака известувајќи за случувањата во Газа

Репортерот Ваел Дахдух  на меѓународниот телевизиски канал Ал Џазира не можеше да ги скрие емоциите известувајќи за ужасот низ кој поминуваат жителите на Појасот Газа во текот на израелската офанзива.

gazareporterWaelDahdouh_youtube625-564x272

Известувајќи за случувањата во Газа, тој во еден момент заплака, не беше во можност да продолжи да зборува и излезе од кадарот. Дахдух претходно посети едно предградие каде што само во текот на вчерашниот ден загинаа повеќе од 60 палестинци.

Репортерот бил сведок на страшни страдања кај локалното население. Ова предградие израелската војска најжестокот го бомбардира од почетокот на судирите. Само вчера таму биле повредени 250 Палестинци, а 45 во цела Газа.

Пред да се јави во живо, репортерот на Ал Џазира, ја снимил оваа вознемирувачка репортажа меѓу жителите на ова место:

Коментари

Популарно