ВИДЕО: ФК Металург го елиминираше Железничар со гол во последната минута

Фудбалерите на Металург изборија пласман во третото пред коло во Лига Европа, откако во реванш натпреварот, во Сараево ремизираа 2-2 со екипата на Железничар.

liga-evrop-p

Металург до ремито стигна откако успеа да ја надополни негативата од два гола, а голот за 2-2 го постигна капитенот Миле Крстев во 92.минута од мечот.

Претходно, Железничар поведе со 2-0 со автоголот на Додевски во 16.минута и голот на Бајиќ во 54.минута. Три минути подоцна Симоновски не успеа да реализира пенал, но Радески во 62.минута по одлична соло акција намали на 2-1.

На истекот на натпреварот Крстев го однесе Металург во третото коло, каде противник најверојатно ќе му биде кипарска Омонија.

Коментари

Популарно