Ова е причината за свирепото убиство на сестрите и самоубиство во Аеродром

Причина за убиството на двете сестри во Аеродром е одбиената понуда за брак од страна на постарата сестра, 34 годишната Наташа. Сеуште е нејасно зошто настрадала и помладата 31 годишната Билјана, изјавиле  блиски пријателки на жртвите за Сител телевизија.

ubistvo3-630x472

Наташа била скоро една година во всрка со убиецот Игор, кој по одбиената понуда за брак, скоро две седмици и се заканувал на Наташа дека ќе ја убие прво неа, а потоа и себе-ако не се согласи да се омажи со него.

Поради неодамнешниот развод и стравот дека децата нема да го прифатат Игор, Наташа ја одбила понудата за брак, по што со нејзината сестра вчера планирале да заминат на одмор.

Игор помислил дека таа заминува и отишол во нејзиниот стан, каде вратата ја отворила нејзината сестра, која била првата жртва во двојното убиство. По неа, Игор ги исполнил заканите – ја убил Наташа, па самиот си пресудил.

Тој оставил и проштално писмо во неговиот автомобил, во кое на најблиските и семејството им ги напишал причините поради кои решил да ја убие Наташа и да си го одземе животот.

Како што соопшти Сител телевизија во автомобилот имало и сума од околу 500 евра, кои Игор ги оставил за неговиот погреб.

Коментари

Популарно