Девет предлози за да ги вратиме Скопските туристи!

Илинден се ближит и како по традиција ова е шпицот на сезоната. Охрид колку толку се наполна, но се поќе странски јазици се слушаат низ Охридската чаршија.

Скопскиот дијалект го имат чат-пат ама ми се чинит дека моментално поќе се зборвит Скопски на Грчките плажи одколку на Охридските…

Секогаш домаќинот е крив за се, така и во нашиот случај за летната сезона. Но да не навлезиме на тие дискусии (кои ги водиме овие денови) туку да предложиме пакет мерки за Охрид да станит повторно атрактивен и за нашите пријатели од Скопје!

После долго размислување можда вистина ние во Охрид сме криви шо не ни идат поќе Скопјани на одмор кј нас. Морат да се преземит нешто, сваќаме и ние…

dd

Нашите девет предлози се:

1. Да се ставит рампа на Пресека и та да функционират како не-официјален граничен премин. На секоја Скопска табличка да биде залепена ознаката “ОН“ наместо “СК“. Како на предната табличка, така и на

задната. Исто така ќе имат налепници за на багажот со текстот “Добродојдовте Скопјани во Светската убавина ОХРИД!“

2. Во Охрид немат поќе да се наплаќат со Денари туку со Евра. Бидеќи цените во Евра секогаш звучет поефтини немат поќе да имат узбуна. Едно нескафе наместо 100 денари ќе чинит 2 евра. По Скопска логика 2 Евра звучет поефтино одкако 100 Денари. Паркинг едно Евро, хамбургер 2 евра, смештај 5 евра на чоек по ноќ и најбитно (зш то најпоќе го сакате вие во Скопје) гиро 2 евра итн…

3. Скопските гости ќе ги пречекаме стриктно со англискиот јазик. И така веќе се учиме да зборвиме сите англиски со странскиве гости, па така да и на вас ќе ви збориме на англиски. Да се осеќате како во странство, ете да не речиме Лептокарија. Си играте мајтап со Охридскиот јазик, така и та провокација ќе ја спречиме одма!

4. Ќе се мобилизират екипа на Охридски деца кои со спреј ќе прскаат исклучително по сите коли со горе наведените налепници.

На сите коли ќе биде испрскано срце и ознаката ОХ. Кога ќе се вратите во Скопје да си имате еден успомен

и да се пофалите во улицата дека све биле на одмор во Охрид.

5. Максимум буџет за целиот одмор изнесува 300 евра. Ова сума ќе биде исто така проверена на Пресека. Да не потрошите вишок пари и да немат забуна околу цените и потрошените пари.

6. Ќе имат специјални кафичи за Скопјани каде цените ќе бидат во споредба со нашите соседни држави. Ќе се служит само турско кафе, чајче, пиво, сокче и за јадење нормално Гиро. Поглед ќе имаат овие кафичи накај Петрино или Косел.

Исто така да се изградит специјална плажа без шанкови, не уредена и дива. Ќе се посадит некое дрвце за сенка и ќе имат бесплатни лежалки. Колите ќе се паркираат 5км оддалечени од ова плажа, ќе имат посебна патека до плажата.

7. Најевтините станови ќе бидат изградени во Дебрца и над Косел, таму цените се движат околу 5 евра по особа на ноќ. Се поблиску до Охрид цената се креват. Клима како и кујна во станот екстра се наплаќаат, да не се различиме од нашите соседни држави.

8. Секој Скопјанец кои ќе дојт 3 години по ред во Охрид ќе биде награден со бесплатен паркинг во Охрид и Охридскиот крај. Исто така ќе може да возит без налепници во нашиот град.

9. Остана уште езерото, ама то ни е најубо па неморат да го смениме во море.

Со овие предлози ќе се потрудиме да ги привлечиме повторно нашите Скопски пријатели кој иделе масовно во нашиот град.

Па вака ќе се осеќаат повторно дома во своја држава, исто како кј јужниот сосед!

Поздрав од Охрид

Ило С. за Охриѓани.мк

Коментари

Популарно