До пред некое време целосно руинираниот хотел Изгрев во Струга деновиве го покажа својот вистински сјај. Турската компанинија Фибула го реновираше хотелот и во неговиот двор изгради голем аквапарк. За сега се реновирани речиси 30 % од двестете соби на Изгрев, а целосно очекуваат да биде готов до 15 септември, за кога и најавуваат големо отворање. До саботата аквапаркот бил отворен за сите посетители, но поради балкаснкиот менталитет турците одлучиле дека за сега истиот ќе можат да го користат единствено гостите на хотелот Погледот од огромниот базен веднаш до аквапаркот го одзема здивот, а вие имате чуство дека сте на најубавото место на земјата. Ноќевање со доручек во овој можеби најлуксузен хотел во Македонија. барем оваа година ќе чини 41 евро по лице Во ресторанот внимавале и на најситните детали, а истиот има и голема летна тераса со поглед на Охридското езеро Екстремно луксузен ентериер е карактеристиката на холот, на Спа центарот и затворениот базен. Засега туристите во ,, Изгрев ,, се од Македонија и соседните земји, посебно гастарбајтерите, а од идната недела од Фибула очекуваат многу странци, затоа што како опција хотелот ќе им го понудат на гостите кои доаѓаат во нивните хотели во Анталија