Дневен хороскоп

ОВЕН

Може да бидете исклучително настојчиви кон своите соработници кои на некој начин ви се подредени или зависат од вас, работата, за вас или на некој друг начин ви се субординирани, за да ги остварат своите цели и намери, а тие главно се манифестираат како силна амбициозност и постојана тенденција да се биде прв, за вас да се зборува, да сте во центарот на вниманието на вашата околина ако не и пошироко. За се што ќе сторите или направите сакате јавни аплаузи, а може и да ги добиете, ако делата ви се за општо добро.

БИК

Можни се некакви сатисфакции и задоволства поради некакви забавни или спортски околности, патувања во странство поради бизнис или деловни потреби, остварување на некакви цели преку државните институции или пак преку банка. На интимен план можеби се некакви задоволства поради патување од сентиментални причини, некакви новости или информации од странство, или пак поради исти такви на некого кон кого имате многу чувства, или пак во прашање може да се деца и сето споменато врзано за нив.

БЛИЗНАЦИ

Меркур веќе споменав дека има убав но опасен аспект со Плутон од едноставна причина што аспектите иако суштински во бенефитна форма за час можат да се изродат и да станат своја спротивност. Ете на пример, овој аспект ги забрзува вашите амбиции, но и желбата да се прикажете или покажете во јавноста. Дотука е се во ред. Но, ако тој порив го манифестирате малку посилно од потребното или нормалното, ако амбициите ви се премногу силни, а свесноста ви е пониска, ќе газите преку секого за да стигнете до целта или сатисфакцијата.

РАК

Денес, но и во следните два-три дена говорништвото, ораторските способности и комуникацијата воопшто може да претставува најсилно оружје со кое ќе ги матирате сите свои блиски, партнерот, но и јавните непријатели. На некој начин може да бидете забележани во јавноста со своите истапи, било тоа да подразбира поголем круг на деловни соработници или некаква трибина, предавање или друг сличен собир. Силно ви е изразена желбата и настојувањата да се докажете на јавен план или пред партнерот.

ЛАВ

Може да бидете успешни на финансиски план, заработката или профитот, а истите можете да ги остварувате со некоја сервисна, мајсторска услуга, или со грижа за некого или нешто, или тргувајќи, продавајќи храна или средства за хигиена, со некаква поука, предавање и слични активности, но можете да сте и премногу динамични, просто фанатични во трката по некои ваши цели, најпрвин оние од работата и професионалните ангажмани, кои можеби ги бркате и повеќе од еден ден, во следните неколку дена.

ДЕВИЦА

Меркур има убав аспект со Плутон иако тој во секој момент може да се престори во својата спротивност, во зависност од аспектите на Меркур и Плутон во вашите лични хороскопи. Истиот ве прави прилично амбициозни, манипулативни, калкулативни без многу пардон кога се во прашање вашите интереси, задоволства, забава, некакви ќефови, јавност и претставувањето во неа во најдобро светло по вас, но и кон саканите личности, оние од спротивен пол кои многу ви значат, но и пред децата.

ВАГА

Од седумте планетарни аспекти за денешниот ден, најсилниот секако привлекува најголемо внимание, а тој инклинира кон желба, кон јавно афирмирање, но и посакување некој тоа да ве покани, да ве најави, да му текне на вас, да ве извлече од анонимност. Од друга страна таквите посакувања, посебно некој да ве промовира и назначи, посочи, покаже, може да се однесува и на едниот родител од кого некако попусто очекувате сето да го направи пред другите членови на семејството, односно да ви оддаде некакво признание.

СКОРПИЈА

Сериозни надмудрувања со пријатели, познати за некаква работа од некаква значајност за вас и заемна желба да се надмудрувате или докажувате кој е во право а кој не е. Од друга страна, поради силната желба да се успее на професионален план, можно е обилно да ги користите врските, познанствата и пријателствата. Многу калкулативност во односите, многу манипулативност, снаодливост, иако ќе се обидете сето да го претставите како сосем нормално пред некој кој тоа ќе ви го забележи.

СТРЕЛЕЦ

Можни се успеси ако работата ви е врзана за некакво рекламирање, пишување, патување, подучување. На сите овие планови и интереси ќе делувате исклучително амбициозно. Можни се профити, заработувања, поради недвижнина, нега или грижа за некого ако ви е професионална обврска. Исклучително силна ќе ви биде желбата за јавно докажување, претставување, а на истото ќе ви помогне и силно изразениот говорнички дар и способност.

ЈАРЕЦ

Неколку дена ви се одлични ако се занимавате со политика, па дури ако се занимавате и со политиканство во својата средина или работно место. Но шегата на страна, државните институции ќе бидат оние пред кои нешто ќе сакате да докажете, да им се претставите во подобро светло, а ова уште повеќе ако се во прашање странци, деловни односи со странци, но и банки, банкарски институции, правосудни органи или институции на образовниот систем. Одличен говорник и комуникатор можности има многу, а колкава ќе биде успешноста зависи од вашите лични хороскопи.

ВОДОЛИЈА

Имате калкулативни, пресметливи чувства и пориви кои може да ги злоупотребувате како нешто би докажале или покажале некому, посебно ако сте за истиот заинтересирани на некаков конспиративен начин или сте во некаква тајна, конспиративна врска. Може да се здружите со некого како би му покажале или докажале некому дека сте во право. Сакате да сте експонирани во јавноста, но ќе ви годи идејата и дека ја манипулирате, зад сцена што се вели, од заднина. Кога велам јавност не мислам на медиумската јавност, туку на вашата нешто поширока околина.

РИБИ

Следните денови најактуелен ќе биде аспектот на Меркур со Плутон, секако се до саботното влегување на Сонцето во знакот на Девица. Некако ви се совпаѓаат интересите на пријателите со вашите, па за ваша некаква јавна сатисфакција потребна ви е помош од пријатели, познати, врски, едномисленици барем. Кон партнерот, посебно кон интимниот партнер, може да бидете исклучително рационални и промислени иако мислам дека тој ќе се однесува на таков начин кон вас.

Коментари

Популарно