Јасновидец: Бред Пит не ја сака Анџелина

Бред Пит и Анџелина Џоли изгледаат како најсреќната двојка на светот, но јасновидецот Рон Бард инсистира дека станува збор за добро смислена фарса. Тој вели дека Бред се чувствува принуден да остане со Џоли само поради нивните шест деца и нивниот имиџ во јавноста. Според Бард, Пит се уште ја сака својата поранешна жена, Џенифер Анистон која е свршена со актерот Џастин Теру.

angelina-bradchildren

- На крајот од денот не е важно дали Бред е вљубен или не е вљубен. Важно е тоа што тој е маж кој се обврзал со 6 деца и планира да ја одржи својата обврска - изјавил Бард. Неговите предвидувања велат дека Пит веќе тајно стапил во брак со Анџелина и во иднина ќе има уште неколку деца со неа.

- Мислам дека Џоли е мошне паметна. Таа го зароби, но на него не му е грижа бидејќи ги сака децата повеќе од самата врска со неа. Рон објаснува дека Пит не може да си дозволи уште една разделба како онаа со Анистон, па токму затоа останува со Џоли и продолжува да ја игра улогата на среќен маж.

Коментари

Популарно