Карлеуша го изгубила бебето

Српската пејачка Јелена Карлеуша во јануари годинава имала спонтан абортус во осмата недела на бременоста, пренесе српскиот магазин „Стори“.

- Тоa е моја работа, моја интима и не сакам да се зборува за тоа, изјавила пејачката за овој магазин, потврдувајќи ја веста за нејзиниот спонтан абортус.

ii-399--1728x800_c

Таа додала дека тоа се случило како последица на континуираниот стрес, кој во нејзиниот случај завршил со катастрофални последици.

- Не знам од каде ви е таа информација, тоа е моја лична работа. Не сум од оние кои кукаат и повеќе сакам да ме гледате како неуништлива. Иако сум жена и мајка на две деца, се сметам себе си за голем борец, одговорила Карлеуша на прашањето дали е точно дека доживеала абортус.

Коментари

Популарно