Што точно се случи денеска во собранието?

Веќе неколку пати пишував за немири и меѓуетнички прекупукувања, протести и судири со полицијата. Пишував дека тие луѓе, без разлика дали се Албанци или Македонци не можат да бидат сфатени како вистински репрезент на својот етникум. Но, денеска ситуацијата се промени. Денска во собранието се стеапаа токму оние кои се платени да ги преставуваат своите гласачи.

Untitled

Тепачката започнала при собраниската Комисија за финансирање и буџет, а во истата се вмешаа и Реџаил Исмаили и Беким Фазлиу, но ќе се задржам на иницијаторите: Телат Џафери и Орхан Ибраими.

Талат Џафери има завршено Воената Академија на Копнена Војска на ЈНА– Смер Пешадија во Белград и Сараево, а Постдипломски студии – Специализација за Командни и Штабни должности на Воена Академија „Генерал Михајло Апостолски” - Скопје во Скопје.

Орхан Ибраими е педагог, односно има завршено Педагошки факултет.

Причина за фајтот: навреди на политичките партии и обвинувања во двете насоки како загревање, и пцуење на жената од страна на екс министерот за одбрана Џафери до пратеникот на ДПА, Ибраими.

Значи се степаа командант и педагог, затоа што едниот му ја опцул жената на другиот. И се ова ќе беше нормално ако се случеше на некоја клупа во скопско маало, но не и во собрание. Оние на клупата никого не преставуваат, освен можеби жената, а овие во собранието преставуваат цел еден етникум во Македонија или слободна проценка околу 400.000 Албанци кои живеат во државава. Значи, фигуративно кажано денеска во собрание се истепаа 400.000 Албанци! За разлика од оние кои протестираат на улица и се пресметуваат со полицијата, овие не носеа маски или маици на лицето. Не, облечени во одела, пред камерите кои снимаат без прекин во собранието, викна еден на друг со клоци и боксови. Сега цела Европа ќе ни смее, секоја балканска телевизија и портал ќе го пренесе видеото од дивиот бокс меч, па секој нормален човек кој ќе ја погледне снимката ќе помисли дека во Македонија живеат „пештерски луѓе“. Но, тоа не е она што најмногу ме загрижува. Реално и не ми е гајле што за мене мисли некој тип у Норвешка кој не го ни знам. Што сака нека мисли цела Европа и Балканот, па и нека ни се смеат малку. Она што мене ме загрижува е дека пратениците на ДУИ и ДПА, двете најголеми албански политички партии во Македонија покажаа дека насилството е валиден и „демократски“ начин за решавање на несогласувањата, дури и во собранието. Ако овие „учени“ луѓе се замаваа на ТВ во собрание, како сега ќе му објасните на некој локален гангстер дека насилството е општествено неприфатливо и казниво со закон? Тој денеска доби заверка на својот начин на живот, во својот политички избраник, било да е од ДПА или ДУИ!

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно