Дневен хороскоп

ОВЕН

Внимавајте денов, а и целиот викенд ако можете малку повеќе на своето здравје, на својот однос кон алкохолот и цигарите на пример, посебно на својата душевна состојба, вашите очекувања од некого, кого го третирате за зависен од вас, субординиран. Внимавајте и на конспирации и тајни ако ги имате, ќе се создадат прилики и услови да се обелоденат, па во зависност од нив можни се прилично силни емотивни возбуди, конфузност, агресивност која работи од заднина и можности за повреди на физички план.

БИК

Енергијата која се создава во следните неколку дена кај вас ќе делува на планот на чувствата кои ги имате кон некого и чувствата кои се насочуваат кон вас од некого. Најчесто овие два плана нема да бидат компактибилни. Од друга страна, видот и типот на забава, консумацијата на алкохол и цигари или пак спорт, може да ве доведе во состојба на крајна исцрпеност, со можности за манифестации на лошите особини и карактерни црти, токму пред оние на кои сакате да им оставите најсилен и најдобар впечаток.

БЛИЗНАЦИ

Можности за загрозување на некаков статус или углед од страна на некој домашен, поради тоа прилично конфузни мисли и однесување, судири на приватни и деловни интереси, или пак лошо здравје на некој домашен, најчесто родителот со спротивниот пол од вашиот. Но, можни се и големи разочарувања од некој домашен, нормално најчесто од родител, но поради ваши неосновани очекувања, самозалажување, погрешни претпоставки и слично. Внимавајте на дозите кои ги консумирате, посебно на лекарствата, ако имате потреба од нивна употреба.

РАК

Денес и во следните неколку дена бидете претпазливи во односите со другите и очекувањата од нив, поради можноста на силни разочарувања на кое му кумува вашето очекување нешто да направат, за вас многу важно, но не и за нив. Ова во прв ред се однесува на најблиските или на оние на кои сте им дале за право да се чувствуваат блиски со вас. Ако пиете некакви лекарства кои ве забавуваат или имаат такви контраиндикации, ви препорачувам голема претпазливост во сообраќајот и како возач и како пешак.

ЛАВ

Неколку дена по ред ќе морате да бидете многу концентрирани и да ги проверувате работите неколку пати, посебно оние кои се однесуваат на финансии, финансиски трансакции, финансиски документи, документи со финансиско значење кои ги потпишувате, посебно ако се во прашање пари кои не се ваши, со нив располагате или работите, бидејќи поради конфузија во мислите, можни ви се и конфузни однесувања, па оттаму и можни грешки и непотребни проблеми. Ова се однесува и на вашиот приватен план, не само на деловниот.

ДЕВИЦА

Денес вашето Сонце има опозитен аспект со Нептун во Риби, па оттаму се можни многу разочарувања, непријатни чувства и лош однос со партнерот, но и со други личности на јавно место или пак лошо расположение поради јавни случувања или учество во такви. Ова е прилично непредвидлив аспект кој делува на психолошки план, но е и полн со себезалажување, измами, лични или од други, погрешно насочени амбиции и очекувања кои најчесто се врзуваат за партнерот. Бидете во мирување на овој план деновиве.

ВАГА

Плановите нема да можат да ви се остварат, посебно оние кои зависат од агилноста на личности кои на некој начин не ви достасуваат на материјалното, образовното, интелектуалното ниво или припаѓаат на друга социјални група. Можни се разочарувања, прилично лошо расположение, но сево погоре може да се должи и на вашето слабо здравје, почеток на некоја акутна тегоба бидејќи аспектите за вашиот знак покажуваат можности за развој на болести, посебно ако ви е енергијата слаба или опадната.

СКОРПИЈА

Иако имате чувства кон личности од вашето опкружување, посебно деца, денес и во следните неколку дена може да си го манифестирате најлошото од сопствениот карактер, поради низа причини. Лоша или ниска енергија, односно фреквенција на чувства, очекувања, его пориви кои не се реални, лична неодлучност и конфузност која сакате да ја прикриете и да ги обвините другите за истото, а тоа најчесто го правите кон децата. Значи, бидете многу претпазливи деновиве, со своето манифестирање.

СТРЕЛЕЦ

Може да не сте во добра волја следните неколку дена, барем до крајот на викендот, со можности да се манифестирате во прилично лошо светло на деловен план или дома, пред родител или авторитет. Всушност, најголемите конфликти произлегуваат од судири на интереси, на релација приватно-деловно. Психолошки можете да бидете толку напнати што на физички план може да почувствувате слабост, а можни се и проблеми при консумација на лекови. Внимавајте на цигарите ако пушите, посебно на алкохолот, бидејќи опуштањето нема да го постигнете со нив.

ЈАРЕЦ

Големи се можностите за разочарувања и манифестации на лошата страна на карактерот, поради изневерени ветувања за некаква помош, најпрвин од страна на партнерот, но и на други личности за работа која за вас е од посебно значење или приоритет. Можеби се работи за некакви документи, обезбедување на истите од важност за вас, можеби финансиски или за патување во странство, или пак нешто друго а врзано за споменатото. Од друга страна, студентите можат да бидат разочарани поради самозалажувањето дека се подготвени за испит и резултатите кои нема да ги одушеват, туку напротив, можни се разочарувања.

ВОДОЛИЈА

Комуникациите со блиските на партнерот може да предизвика кај вас чувство на мачнина и физичка слабост, поради манифестации на карактерот и темната страна, и од нивната, но и од ваша страна. И вие знаете да бидете исклучиви, директивни и ултимативни, а најчесто проблемите излегуваат или поради некакви финансии и пари или поради некаква ваша активност, со која, ниту партнерот ниту роднините од негова страна не се согласуваат. Можни се и лоши фрустрирачки и инхибирачки сексуални искуства.

РИБИ

Нептун денес има прилично лош аспект со Сонцето, и тоа претпоставува секогаш дека ќе има некаков конфликт со партнерот, можеби недоразбирања, поради едностраноста на карактерот, ваш но и на партнерот што деновиве, и за време на викендот може многу лесно да се манифестира. Можни се силни разочарувања, реакции на некаков минат напор, па оттаму и намалена енергија, болести. Односот со партнерот прилично конфузен , неможност да се донесат одлуки поради неодлучност, која ќе сакате да ја сокриете.

Коментари

Популарно