Може да му пресадат прсти од ногата – ќе ја спасат ли раката на повредениот Вардарец

Проф. д-р Смиља Туџарова - Ѓоргова, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија вели дека кај нив една до три операции дневно им се хирургија на шака, односно операции на дланките и на стапалата, настанати од повреди, како што се нагмечувања, исеченици, изгореници, пишува Вест.

208911

"На најголем дел од пациентите што во текот на годината доаѓаат со повреди, задолжително им се прави реконструкција. Во случаи кога има отсечен прст, повторно им го сошиваме. Но кога прстите ги нема или буквално се разнесени, како што неодамна беше случајот со навивачот кому му пукна шок-бомба во раката и кому му недостигаат вториот и третиот прст, тогаш од самиот пациент се земаат прсти од ногата и му ги трансплантираме на раката. Најчесто се зема вториот прст од стапалото и се пресадува на раката", вели проф. д-р Туџарова - Ѓоргова.

208912

Дали на комитата чија дланка настрада пред три недели откако на стадион му пукна бомба, пластичните хирурзи ќе можат да му пресадат прст, ќе треба време за да се донесе одлуката, бидејќи, како што објаснуваат, допрва треба да се види дали ќе може да се зачува палецот кој, исто така, му беше тешко повреден.

Повеќе на Вест.мк

Коментари

Популарно