ИСИС новата тактика на САД

Зајакнувањето на милитаристичката кампања од страна на американскиот Барак Обама која за своја цел ја има елиминацијата на припадниците на ИСИС што дејствуваат во воените зони на Сирија и Ирак, повлекува многу суспециони прашања со себе. Појавата на ИСИС пред 5 месеца , интензивната препарација која што траеше не повеќе од 2 месеца и местоположбата на нејзиното појавување се премногу чудни гледано низ повеќе аспекти. Си ги поставив прашањата, од каде толкава организација на ИСИС? Од каде се развива со толкава брзина? Зашто САД е против оваа појава ?

140701-isis-missile-jms-1713_364f6ebe988ba75bf54f8ce2e9a267c9

Имено почетокот на 2014 година ја одбележа кризата во Украина која беше проследена со воени конфликти, а тоа всушност беше класика затскриено воено сценарио од страна на западот и Русија. Но, која е поврзаноста на Украина со ИСИС ? Западот загуби огромна површина на влијание и дејствување во самата Украина ( читај Крим, Луганск и Доњетск) , мораше тоа на некој начин да го компензира ,но зашто ?

- Бидејќи губењето на втората војна на САД во рок од 1 година ќе значеше премногу лоша репутација пред сè за Обама, затоа тие ја створија ИСИС, која чудно, но по некоја случајност на нештата создадена е точно помеѓу Ирак и Сирија. Кога САД веќе ја разбуди заспаната мечка и сфати дека шансите за победа во Украина во срцето на панславенската држава се минимални, решија да ја свртат топката кон Сирија и да ја симнат Асадовата власт. Но, со оглед на тоа што низата на поразите беше толку голема,а воедно и успешноста на Асадовата војска моњевито напредуваше, тие мораа некако да ја запрат, односно да најдат начин да воспостават контрола над Сирија, а со тоа и изградба на протоколот Набуко. Тука се најде генијалната идеја за ИСИС, како би влијаела САД ,ако не би биле во самата територија на Сирија ? Како на друг начин би ја турнале Асадовата власт ако не би ги финансирале бунтовниците во Сирија? Создавањето на ИСИС преставуваше една многу комплексна стратегија за да се симне власта на Асад, имено на 10 ти Септември, Барак Обама го одобри планот од 50 милиони долари за финансирање и обучување на бунтовниците во Сирија под изговор дека мисијата против ИСИЛ мора да се спроведе од секоја страна, односно да биде задушена на секој можен начин. Што значат 50 милиони долари ? Обука на бунтовниците кои самите по себе се од конститутивен карактер на ИСИЛ војници,територијална контрола на Сирија, финансирање односно давање целосна контрола на американско оружје и секако главоболката која на Обама му ја задава домашната ужасна атмосфера која го обвинува за инволвирање на американски војници во нечии конфликти. НАМЕСТО Американци сега имаме бунтовници, наместо маринци и фоки сега имаме бунтовнички војници, кои нормално ќе се борат против терористичките формации на ИСИС во Сирија. Секако територијалната стратегија тука игра многу важна улога, односно самиот факт што во Сирија ќе бидат сите безбедносни милитаристчки формации на САД обучувани. Жртвените јагниња како обезглавувањето на американскиот новинар, заробувањето на 30 новинари од страна на ИСИЛ беа само воведни напомени затоа дека мора да се финансираат бунтовниците бидејќи тие беа под новата закана. Бидејќи територијата на Сирија според скорешните резултати искалкулирани од Сириското МВР и МНР, околу 80 проценти од целата територија на Сирија е чиста , односно нема никакви терористички активности. Но, по некоја случајност има нова закана односно ИСИЛ. Загубата на втората војна во рок од 1 година, ни говори за немоќта на западниот блок, за тонењето на една корпорациска империја која под палките на моќните фамилии како Рокфелерови и други, пробаа низ призмата на политичката и милитаристичката моќ да воспостават на тотална контрола на целиот свет. Но, сепак и големите светски држави како Индија, Кина и Русија застанаа на патот на оваа молњевита империја, крајот на Либиската војна која даде производ на бунтовнички опозиции, кои беа користени за туркање на властите во овие држави, воедно преставуваше почеток на еден нов вид на отпор, отпор кои што е многу посериозен од Гадафи, Асад и др. Овој пат имаат многу сериозен играч пред нив. Иднината е пред нас да ни покаже што навистина ќе се случува.

Виктор Цветиќ – воено политички аналитичар.

Коментари

Популарно