Зошто жените одбиваат секс?

Иако и мажите се почесто имаат проблеми со либидото, овој проблем е многу поредовен кај понежниот пол. Еве неколку што се влијае на желбата за секс кај дамите.

Sexy_Women_jennie_corner_25582

Лековите

Различни лекови различно делуваат во секое тело. Некои работи помагаат, а некои отежнуваат. На пример, едно истражување покажало дека лековите кои се користат за настинки и грип го нарушуваат либидото. Слични последици предизвикуваат и лековите за срце и крвен притисок како и лековите кои се препорачуваат во случај на депресија.

Недостаток на железо

Кога во организмот нема доволно железо, се јавува слабост и губење на енергија, а со тоа и губење на желбата за секс. Од тоа најчесто патат жените, а посебно при месечниот циклус кој може да предизвика губење на железото.

Промена на работно место

Промената на работно место, отказ или било која друга причина која го движи човековото постоење, негативно влијае на либидото. Се претпоставува дека за тоа е одговорен хормонот стрес кој негативно делува на сексуалната желба.

Брашно и шеќер

Едно истражување покажало дека честата консумација на леб како и на други производи од бело брашно, не е добра за либидото. Слично делува и шеќерот. Негативните последици се воочени и кај мажите и кај жените.

Производи за подигнување на либидото

За крај најироничното, но вистинито. Бројни состојки кои служат за зголемување на сексуалната енергија, всушност предизвикуваат спротивен ефект. Имено, многу од нив содржат некои штетни материи кои делуваат негативно на целиот организам, а посебно на либидото.

Коментари

Популарно