Навивачите на Шкендија навредуваа се Македонско и го погодија голманот на Вардар со камен во глава

Навивачите на Шкендија, популарните „балисти“ не штедеа зборови ниту глас и во текот на целиот меч го навредуваа не само Вардар, туку и Македонците, македонските девојчиња, каурите… а постојано пееја песни и за Илирида. Се извикуваше „македонско девојче к***а голема, каурски п***и, го е**м Вардар, ги е**м „комитите“ и тоа само од она што можеше да се разбере на македонски јазик, додека поголемиот дел од репертоарот беше на албански. Првиот дуел од 1/8 финалната рунда од Купот на Македонија заврши со минимален триумф на Шкендија од 2:1, но домашните навивачки, популарните "Балисти" со камења го гаѓаа и го погодија голманот на Вардар, Игор Павловиќ.

Тежок инцидент се случи за време на првиот 1/8 финален натпревар од Купот на Македонија, помеѓу екипите на Шкендија и Вардар. Дуелот во Тетово заврши со минимален триумф на домаќинот од 2:1, но домашните навивачки, популарните "Балисти" со камења го гаѓаа и го погодија голманот на Вардар, Игор Павловиќ. Целиот натпревар поминал во тензична атмосфера, а имало и навредливи слогани. Сега на ред е Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија која мора најпосле да најде решение за недоличното однесување на навивачките групи.

Коментари

Популарно