Што точно значи зборот „ШИПТАР“ и дали е навреда?

Од секогаш ми било интересно како една глупост привлекува лавина нови глупости. И денеска се чудам која е потребата на луѓето да бидат „in“ или во центарот на збиднувањата, без разлика на тоа дали направиле кретен од себе или не. Последен таков случај е пратеникот Артан Груби. Иако човекот неколкупати досега покажа дека живее во своја реалност, овој пат претера.

1_7963

Имено по гафот на идниот американски амбасадор во Македонија, Бејли, и изјавата во која доминнтното население во Македонија го нарече Словени и протестот на МНР до САД, пратеникот на ДУИ се реши да навлезе во непознати води и да навредува без причина. Најпрвин на својот ФБ напиша дека тој не се сложува со протестот на МНР кон САД, за подоцна да дообјасни дека Словени не е навреда за Македонците, а Шиптари е навреда за Албанците. Епа еве со ред.

1. Што значи зборот шиптар?

Шиптар (албански: Shqip(ë)tar) е словенизиран облик на етнонимот со кој Албанците се нарекуваат самите себеси.

Називот „Шиптари“ (Shqiptarët) започнува да се употребува за време на Народно-ослободителната борба на Југославија како замена за претходните синоними „Арбанаси„, „Арнаути“, како и „Шипнија“ (Shqipëri, Shqipni) наместо „Арбанија“ (т.е. Албанија). Воведувањето на зборот требало да послужи како исказ кој наведува на единството на албанскиот народ кој живеел во Југославија и Албанија.

Значи, зброт е Албански! Но, и покрај тоа ниеден македонски пратеник или официјална институција не им се обраќа на Албанците со тој збор, бидејќи тие го земаат како навреда. Тоа е апсолутно право на Албанците и ние, а и секој друг мора да го почитува.

2. Дали Словени е навреда? ДА! Не затоа што Словените биле лоши или глупи, или пак не се дел од нашите гени и историја, туку затоа што со тоа намерно ни се крати историјата и правото на самоопределен идендтитет. На темата Словени и нивното славно препливување на Дунав можам да напишам многу, но во интерес на времето потребно да се прочита текстов ќе кажам само дека тие додека пливале по Дунав, со себе не носеле Македонци. Македонците веќе биле тука! Значи Словените (ако веќе навистина дошле од зад Карпатите) само се измешале со Античките Македонци кои во тоа време живееле на оваа територија. Намерното бришење на античкиот дел од македонската историја е навреда пратенику!

Но како и што бива секогаш, така и со оваа приказна многу е лесно да се воочат безмозочните поединки, па така САД преку својот амбасадор во Македонија се извини за изјавата на Бејли, за која рекоа дека е извадена од контекст и дека тој немал намера да не нарече Словени! Сега што правиме Груби? Ти ќе ни се извиниш? Ќе им се извиниш и на САД, како најголем подржувач на земјава и регионот? Или ќе ни дозволиш да те викаме Шиптар? Не сите Албанци, само тебе. Затоа што тој е вистинскиот збор за некој кој сака, ама нема капацитет да биде паметен.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно