Што ќе ви промени новиот извештај на Европската Комисија?

Уште еден Октомври и уште еден извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, па циркусот може да започне. Како и секоја есен, така и оваа македонсата јавност ќе биде затрупана со контрадикторни информации за извештајот. Од една страна владата ќе се фали со постигнатото и ќе го оцени како најпозитивен досега, од друга страна опозицијата ќе го најде како сериозно негативен, па дури и алармантен. Како да читаат два сосема различни документи. Во следните две недели ќе се изнаслушаме различни политичари, новинари и експерти како го толкуваат ова потполно небитно парче хартија. Да, небитно. Сосем неважно, па дури и смешно. Еве зошто:

eu-mkd_g-1-

Ова е шести извештај по ред во кој Македонија добива препорака за почеток на преговори за членство во Европската Унија и секако шести пат кога Македонија нема да ги започне преговорите затоа што Грција нема да го дозволи тоа. Европската комисија и сите бирократи во истата знаат дека од преговорите нема ништо, па токму затоа нивната препорака е ирелевантна. И не само што знаат, туку и не превземаат ништо околу тоа. Веќе подолго време е јасно дека на Европската Унија и одговара позицијата во која се наоѓа Македонија, што го прави овој извештај глупав. Истите оние кои и дозволуваат на Грција да го крши основното право на еден народ, не оценуваат нас? Па уште не оценуваат позитивно?! Односно не тапкаат по рамо.

Тоа го знааат и нашите политичари, но тие намерно ќе се обидат да ќарат некој поен кај народот со свое толкување на извештајот. Затоа толкувањата на спротиставените политички опции ќе бидат толку ралзични и контрадикторни.

Можеби малку повалиден дел од извештајот е оценката на Европската комисија за напредокот на Македонија и задоволувањето на политичките критериуми. Во овој дел добиваме релативно објективен суд за тоа во кој правец се движи државава, но ако сакате да знаете што точно пишува и каква е оценката ќе мора да го прочитате сами, бидејќи интерпретацијата на истиот по медиумите ќе зависи од тоа кој го чита и дали таа личност е од едните или другите. Сепак и да го прочитате самите, оценката доаѓа од истите оние ликови кои знаат дека преговори нема да има, па тоа ја донесува во прашање и нивната објективност. На крајот мене не ми треба Филе да ми каже каде се движи Македонија и дали животот е подобар од лани. Јас живеам тука и знам. По објавувањето на извештајот мојот новчаник ниту се наполни, ниту се испразни. Остана потполно ист. Не ми треба ЕК да ми каже дали судството е независно, дали медиумите се слободни, дали имаме политичка криза...јас знам подобро од нив. Јас секој ден го живеам Македонскиот систем. Не ми требаат ни македонските политичари и стручњаци да ми го објаснуваат извештајот и да ми кажуваат дека е многу подобро или многу полошо од лани, самиот си знам. Исто како што и вие си знаете за вас. Токму затоа на избори во Македонија не гласа Филе, туку ние. Ние кои ја живееме реалноста, а не некое парче хартија.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно