Колку сме блиску до најкрвавата Балканска војна до сега?

И да сакам не можам да избегам и да не пишувам за настанот кој го разбранува и го покажа вистинското лице на Балканот оваа недела. Летот на дронот во цел сјај ја покажа ситуацијата на балканските народи. Го покажа цело нетрпение, омраза и гнев кои владеат тука.

World-War-III

Се започна таму некаде во Мај кога УЕФА свесно реши да ги остави во иста група Србија и Албанија. Можеби намерно дозволувајќи ваков инцидент или шанса за нешто такво. Зошто инаку би ги раздвоила Гиблатар и Шпанија, Ерменија и Азербејџан, а ги остави Србија и Албанија, два народа кои војуваа пред десетина години? Причината за вакаво нешто се секако пари, а кој платил....тоа засега не е важно. Сите изјави по инциедентот на Платини се само фарса и без никакво значење. Но толку за куќата на фудбалот, нивната улога секако беше мала. Нема да пишувам ниту за инцидентот на теренот во Белград, бидејќи истиот и не беше страшен. Помина без сериозни повреди и со релативно добра реакција на обезбедувањето на Србите. На теренот се појавија само 10 тина навивачи и само еден успеа да удри албански играч. Да не бидам погрешно сфатен, инцидент имаше и натпреварот требаше да биде прекинат, но сме виделе многу потешки инциденти и напади на гостинскиот тим. Она што мене најмогу ме загрижува е реакцијата на Балканот предизвикана од овој инцидент.

Неколку часа по случувањата на теренот во Белград, играчите на Албанија беa пречекани како херои на аеродромот во Тирана, а неколку илјади Албанци  „спонатно“ се собраа на улиците во Тетово, Струга и Скопје и славеа, односно кршеа. Еве и една недела подоцна мене не ми е јасно што славеа?! Сериозно! Зошто кршеа?  Албанија не ја победи Србија. Фудбалерите исплашени избегаа во соблекувалната и одбија да излезат на терен кога судијата реши натпреварот да продолжи, што значи дека албанската репрезентација ќе биде казнета. Казнеата ли ја славеа? Или можеби го славеа знамето и идејата за голема Албанија?! Тоа е најлошата опција и секако најреалната. Оние кои цел живот глумат жртви на Блаканот, сега го покажаа своето вистинско лице и својата агресорска страна. Неколку дена по инцидентот се јави фудбалската федерација на Албанија и соопшти дека тоа било единственото знаеме кое го имале?! Па се јави и деновиве неизбежниот пратеник во македонското собрание Груби и му пиша на Платини за неверојтаната омраза која српската публика ја покажала кон играчите на Албанија! Им порачувам и на челниците на ФФА и на Груби да појдат на следниот фудбалски натпревар меѓу Шкендија и Вардар, таму има лепеза на албански знамиња и омраза за цела Европа. Но не, Груби никогаш нема да биде реален. На него не му е битна реалноста и вистината, тој само сака да ќари некој поен кај албанското гласачко тело или барем од оние кои го славеа летот на дронот во Белград.

Деновие во многубројните коментари за настанот, многу често се провлекува прашањето на Албанците од Македонија кон Македонците: Зошто инцидентот во Белград не погодил нас Македонците, кога (наводно) ние не треба да бидеме засегнати од истиот. Па еве да ви одговорам. Прво, на знамето на голема Албанија кое се вееше на стадионот во Белград беше и добар дел од Македонија. На тоа знаме, во Албанија влегуваат, освен Скопје, Тетотово, Дебар, Струга, дури и Велес, Прилеп и Битола. Не знам од каде оваа идеја и по која „логика“ некој го измислил ова знаме и територија на „Голема Албанија“, но ние Македонците не се сложуваме со истата. Второ, без разлика на поводот за „спонтано“ славење на улиците во било кој град во Македонија, никој не сака да му бидат кршени дуќани, автобуси, автобуски постројки. Зошто немаше кршење во Тирана? На кого и зошто покажувавте сила во Скопје, Струга и Тетово?

Сосема друга димензија на сево ова му дава гостувањето на Путин во Србија и можната поврзаност на овие два настана. Најверојатно целиот инцидент бил испланиран и организиран од некоја западна сила. На некој на кој не му се допаѓа поврзување на Балканот со Русија. Која и да е таа сила, јасно ни покажа колку е лесно сето тоа. Ни покажаа дека на Балканот повеќето од луѓето само чекаат вакво нешто за да излезат на улица и да бидат многу силни. Добро е што овој пат немаа противник од другата страна на улицата, па се помина релативно мирно. Но, што ако следниот пат имаат? Што ако следниот пат некој ги „мотивира“ и Србите, Македонците, Црногорците? Ете толку сме блиску до нова Балканска војна. Најкрвавата до сега.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно