Видео: Путин го продаваат на аукција

Оваа морничава кукла со ликот на рускиот претседател Владимир Путин идниот месец ќе се најде на аукција во Келн, Германија каде би можела да достигне цена од неколку милиони долари.

putin

Кристијан Бејли, светски познатиот произведувач на марионети создаде кукла со ликот на Владимир Путин како ја потпишува руската анексија на Крим. Морничавата кукла сама се движи со музика, висока е 50 сантиметри и седи покрај маса за пишување.

putin1

Бејли е познат по изработка на многу комплицирани и скапи фигури, самиот тврди дека ја има направено најскапата кукла „Тренер на птици“ која е продадена за неверојатни 6.25 милиони долари, пишува Independent.

Коментари

Популарно