Дневен хороскоп

ОВЕН

Уран денес има лош дневен аспект кој претполага многу настојчивост, фанатична тврдоглавост и упорност нешто да биде по ваше иако мотивите за тоа можат да се никакви, односно многу силни ако се продукт на лични комплекси и фрустрации на деловен, професионален план и работа, порив по докажување дека сте во право. Оттаму, многу напнатост и можности за расправија на деловен план и тоа со ненадејни почетоци и завршетоци. Во зависност од природата на работата и занимањето, расправиите можат да бидат и прилично драматични и агресивни.

БИК

Денес може да бидете доста мрзоволни, нерасположени за нешто поголеми активности, би сакале ако е можно сите да ве остават на мир, да немаат некакви поголеми побарувања од вас, а ако имаат можат да се соочат со некакво упорно одбивање и негирање, со наклонетост кон критика и расправија, а тоа и најчесто ќе се случува со личности кои немаат капацитет на проценка во какво расположение сте или личности кои и не ги интересираат другите, па ниту вие, бидејќи се егоцентрични и исклучиво насочени кон себе и своите потреби.

БЛИЗНАЦИ

Меркур денес нема баш поволен дневен аспект кој посочува можности да сте нервозни, да сте подготвени за расправија и за најмала ситница, да сте расположени постојано нешто да докажувате. Со еден збор, не сте баш синоним за пристојна комуникација, па дури и да мислите дека сте, малку ќе ви треба за да излезете од привидниот мир. Освен тоа, имате чудни пориви и за најмалите глупости да сте во право, а најчесто ќе им докажувате нешто на децата и на личностите кон кои имате повеќе чувства.

РАК

Денешните аспекти на Месечината не баш од најдобрите, и поради тоа денов може да ви е емоционално доста напнат и да реагирате на сенешто прилично бурно, емотивно, кавгаџиски и пристрасно. Не се обидувајте денес да бидете објективни, не сте во можност бидејќи ги земате работите здраво за готово и секогаш со помисла дека се насочени против вас. Неповикани ќе ги искажувате вашето мислење и вистини, а тоа може да биде прилично иритантно за околината, посебно во односите со домашните на кои ќе им упаѓате среде некој муабет со свои коментари.

ЛАВ

Односите со најблиската линија на роднини, брат/сестра, но и личности на кои сте им допуштиле таква близина или на кои морате да им допуштите, ќе бидат денес прилично напнати, нервозни, посебно што денес имате силен порив сите да ве остават на мир, па најчеста прилика за тоа е да се испокарате со тие кои ви пречат во манифестација на мрзата и летаргичноста. Навистина сите нема да манифестираат од вашиот знак исто, но денес ќе бидат подалеку од вообичаената динамика и работоспособност.

ДЕВИЦА

Денес е можно некакво драматизирање во однос на парите и финансиите, кои можат да не бидат како што посакувате, односно да не ви се остваруваат намерите како што сте ги планирале, а би бил претпазлив и во однос на манипулација со истите, бидејќи се можни загуби поради немарност, заборавност, невнимание. Всушност, можни се некакви промени на финансиски план, а најголемите проблеми излегуваат поради вашата неактивност, немање особена желба за активност и делотворност, нервоза.

ВАГА

Денес нема да бидете синоним за трудољубивост и ангажираност, а ако имате некакви поголеми обврски, веднаш ќе почувствувате нервоза и напнатост, што ќе биде резултат на вашата ненаклонетост кон труд. Денес може да сте исклучително мрзеливи, нервозни со можности и за главоболка. Претерани фиксации на некого или нешто и тоа не во некоја благонаклонета атмосфера или расположение. Многу емотивни изблици за речиси никакви поводи и мотиви кон личности кон кои имате многу чувства, деца посебно.

СКОРПИЈА

Денес се можни силни возбудувања и емоционални испади, посебно на деловен, работен план ако допуштите да се испровоцирате од личности кои се на некаков начин зависни од вас, подредени или се на некакво друго скалило, пониско од вас. Всушност, имате одредена доза на нервоза и денес не сте баш во расположение за освојување награди за вложен труд, можеби динамиката ви е намалена, па оттаму активност на комплексите и инхибициите. Од друга страна, ваквите реакции се можни и поради навестување за некакви акутни здравствени проблеми.

СТРЕЛЕЦ

Можеби денес ви е денот за мрзеливост, но таквото расположение и однос најчесто ќе биде манифестирано во некакви социјални услови и случувања, можеби посебно кон пријателите за кои денес немате баш големо расположение, може да ве нервираат со однесувањето кое пак ќе ве испровоцира на расправии, од кои поради губење на енергија може да имате и главоболки. Најчесто нервоза можат да ви создадат помладите пријатели, но и децата, посебно со некакви ненадејни побарувања.

ЈАРЕЦ

Денес како да ќе бидете наострени со некого да се расправате, да се испокарате или да се спречкате. Ова посебно се однесува на деловен план, на планот на професионалните активности и работа, посебно со помлади личности кои поради мрза и неработа, ќе ве испровоцираат за расправа. Но, ако не сте им шеф или раководител, нема да бидете во право, бидејќи контролата на нивната активност не е во ваш домен, а реагирате бидејќи сте испровоцирани, но од лични фрустрации и комплекси.

ВОДОЛИЈА

Уран денес нема особено поволен дневен аспект, а актуелниот што се манифестира вели дека ќе бидете наклонети кон фанатичност и настојчивост, упорност за минорни нешта, потреба по некакви силни сензации и задоволување на сетилата, најчесто непцето, расправии со личности од околината поттикнати од силни емотивни манифестации, најчесто од поради сопствени комплекси кои ќе ги препознавате и во другите. Планови кои нема да ги остварите, па нервоза и од таа страна.

РИБИ

Може да имате многу контакти денес, посебно со помлади личности, а истите ќе бидат со цел на некаква помош или поткрепа за која имате потреба. Но денес некако сите како да се мрзоволни и ненаклонети кон некакви дополнителни напори, освен оние кои се морални и најнеопходни. Оттаму поради неможноста да ве одбијат ќе ви помагаат, но неконцентрирани, без внимание и посебно без ентузијазам или заложби. Поради тоа можни се нервози, можности за расправии, емотивни изблици и настојчивост се да се стори сам без помош, иако објективно тоа нема да го можете.

Коментари

Популарно