ХОРОСКОП: Какави жени го привлекуваат?

h12

Овен

Овенот има силен инстикт за да биде секогаш во центарот на вниманието. Сака женствени, забавни но и интелигентни жени. Особено цени доколку жената знае како да комуницира во машко друштво и која не се плаши од нови контакти. Романтичен е и добар љубовник, сака да планира, па најлесно ќе му влезете под кожа доколку допринесете за плановите кои тој ги одредил. Внимателен е, лесно доаѓа до пари, но поради екстраваганција лесно и ги губи.

Бик

Мажите од овој знак се доследни на себе, и тежнеат кон практичност во различни животни ситуации. Мошне се внимателни, но сакаат нивниот труд да се препознае и почитува. Тврдоглавоста и сомнежите се нивните главни мани, а често знаат да покажат и љубомора, како и посесивност. Иако потешко е да се заведат за разлика од другите зодијачки знаци, Биковите ако се во среќна врска без компромис ќе ја бранат честа и сигурноста на својата избраничка, влегувајќи по потреба и во физички пресметки. Знаат добро да се облечат и имаат талент за финансии.

Близнаци

Интелигентен и комуникативен, овој маж во просек поминува најмногу време во предбрачни врски за разлика од останатите знаци. Шармантен е и посакуван од спротивниот пол, а жените веднаш го забележуваат неговиот хумор и позитивни вибрации. Сексапилни се и примамливи, но брзо се заситуваат и сакаат промени. Нивните жени постојано мора да смислуваат нови начини за забава и предизвик, што не е секогаш лесно. Отворени се за туѓи мислења, но често премногу филозофираат околу своите, што на крај остава впечаток на неодлучни.

Рак

Целосно се фокусирани на семејниот живот, мажот од овој знак е емотивен и посветен на својата партнерка. Има силна врска со неговата мајка, а долго патување дефинитивно ќе го направи носталгичен за домот. Често го менува расположението и многу е внимателен со парите. Слично се однесува и при изборот на жена, па ќе му биде потребно подолго време за да се отвори. Иако чувствителен, бара убавина во се што гледа. Припадниците на овој знак сакаат добра облека, а често стануваат талентирани талентирани писатели.

Лав

Харизматичен и бара внимание, има огромна вера во своите способности. Оптимист и независен, лесно доаѓа во центарот на женското внимание и знае како таму да остане. Отворен е во контактите, но знае лошо да се однесува кон подчинетите. Крајно тврдоглав, тешко прифаќа пораз и неуспехот лесно го демотивира. Партнерката мора да ја разбира неговата страст за успех во животот и секогаш треба да биде подготвена за ласкање и охрабрување. Налошото што можете да го сторите е да го игнорирате или лесно да понименете врз неговите достигнувања без да се восхитувате.

Девица

Практичен и логичен, со добра кариера пред себе. Секогаш на земја, се грижи за својата хигиена и изглед и ќе забележи веднаш недостаток на тоа поле кај партнерката. Не се претерано отворени кога покажуваат емоции, што не значи дека ги немаат. Среќни се кога жената покажува почит кон нивниот интелект. Главна мана им е недостаток на самодоверба и од партнерката очекува доказ за својата посветеност. Од нивната рационалност произлегува внимателност и стрпливост.

Вага

Атлетски градени со добри комуникативни вештини мажите Ваги по многу прашања се одлични љубовни партнери. Имаат смисла за хумор, талентирани се за шармирање, а нивната енергичност никогаш не поминува незабележано. Нивни голем квалитет е способноста лесно да се подигнат од пепелта и храбро го возвраќаат ударот. Од друга страна знаат да бидат површни, да се расфрлаат со пари и да бидат опседнати со самите себе. Кај жената најпрво ќе бараат физичка убавина, а дури потоа други квалитети.

Шкорпија

Без разлика на физичкиот изглед, мажите од овој знак лесно ги заведуваат жените. Имаат голема желба за положба и контрола, а нивната таинствена природа никого не остава рамнодушен. Пари, возбуда и статус лесно ги мотивираат, но и покрај тоа можат да бидат екстремни во подржување на своите морални вредности. Тоа вклучува и верност од страна на партнерката што секако им се допаѓа. Гласините за преголемиот сексуален апетит се преувеличени. Овие мажи едноставно уживаат во кревет, заедно со своите партнерки.

Стрелец

Го карактеризираат оптимизам и веселба па секогаш ја гледа убавата страна на работите. Подеднакво е успешен и во кариерата и во љубовта. Како вечно дете не се грижи за својот изглед, а нема да замери ако партнерката се запостави. Речиси да нема ни трошка љубомора или посесивност во себе, и повеќе од се ја цени слободата и довербата. Но тоа воедно е и негова мана. Знае да биде наивен, па премногу очекува од другите. Искреноста често ги повредува соговорниците.

Јарец

Мајстори кога се работи за кариера, Јарците се интелигентни, успешни и истрајни во своите планови. Вешти во заработување пари и остварување контакти, по природа е лидер кој лесно ги придобива другите за своите цели. иако е доста емотивен, тешко ги изразува чувствата. Тој ќе избегне жена што ја дели неговата амбициозност плашејќи се дека ќе ја изгуби доминантната положба. Зависник е од контрола, поради што доста внимава на изгледот и однесувањето во друштво.

Водолија

Тие се стабилни и моќни, со нагласена промисленост и желба да допринесат за друштвото. Секогаш се спремни на сочувство, но затворени кога се однесува на нивните емоции, мажите Водолии тешко се разбираат со публиката од спротивниот пол. Поради тоа често знаат да завршат со постара, поискусна жена која има разбирање за нивните чести илузии и склоност на повлекување во себе. Доколку живеат во средина без притисок, знаат да возвратат со љубов.

Риби

Најсилната карактеристика на овие мажи е вродената инуиција, па можете да очекувате дека ќе ве разберат дури и тогаш кога сите останати знаци ќе ви свртат грб. Чувствителни се и бараат човек со кој заедно ќе се соочат со сите препреки во животот. Малку се вљубени и во себе па очекуваат жената да го направи првиот чекор во додворувањето. Привлечни се но и верни. Но пазете се од нивните лаги и лицемерие. Поседуваат и голема доза автодеструктивност, па водете сметка за нивната самодоверба.

Коментари

Популарно