Човек бомба!

“Човек од Македонија, човек за Македонија… човек… човек… Бомба!”. Опозицијата го има слоганот за следните избори. Се чека само некој да ја состави техничката владата, откако претходно Заев ќе се саморазнесе на ‘илиндеска”. Одговорност со коминике број 3 ќе преземе Бранко. Груевски ќе се повлече во манастир, а на “павелшатевска” ќе изгрее нова зора на слободата. Македонија ќе влезе во нова ера. Ера на бомби.

zaev-bomba-300x251

Радмила Шекеринска заминала за Париз. Одовде ја испратила Лидија Димова. Му даде историска вредност на патувањето на својата заменик-претседателка. “И додека Груевски оди по светот и прави штета на државата, некој мора по него да оди и да ги поправа грешките”. Мафтајќи и на аеродромот пред влез во авионот, Димова истурила и кофа со вода… за да и тргне. По стариот добар македонски обичај… И, и тргна на Шекеринска. Кај ако не кај своите. Попрањето на грешките го почнала со грчкото лоби во француската политика. Таму најлесно ја разбираат. Да бидам попрецизен, најдобро се разбираат.

Но, има и добра страна од летот до Париз. Шекеринска ќе се врати со договор за заштитно лице на “Луј Витон” во Македонија. Тоа му доаѓа нешто како прединвестициски договор за привлекување странска инвестиција. Парадирањето ќе биде од врата на врата, согласно прирачникот за дејствување на терен. Дилот е дефиниран на “Шанзелизе”, по шопинг турата.

Лидија Димова е слика и прилика за демократскиот капацитет на опозицијата. Како таа ја разбира демократијата и слободата на изразување? Демократски! Согласно својот капацитет. Тоа од прилика оди вака. Во вторник наутро е НВО лобист и потпишува декларација според која новинарите треба да дефинираат приниципи на работа за професионално новинарство. Истиот ден попладне држи прес-конференција како координатор на пратеничката (вонпарламентарна) група на СДСМ. Навечер на партиска трибина во Битола ги брои присутните, а пред спиење дели новираски лекции. Кој бил, а кој не новинар. Од кој се разочарала, во кој се вдала. Во меѓувреме демоктратски, онака слободомислечки, врши отстрел на свои неистомисленици. Ги дефинира како “педери”. Тоа се тие европски вредности за кои таа се заложува. Штета што нема можност да ги спороведува во пракса. Инаку, кој знае како би изгледа Македонија… онака демократска по нејзин крој.

И Фуере се антиквизира. Ама откако се пензионира. Не знам дали му е од влијанието во Скопје, но вака пензионерски, од далеку, му се гледа исправна македонската политика во спорот со Грција. А, во Скопје е истата таа власт на власт, таа иста што тој ја дефинираше како неконструктивна и тврда во пристапот во спорот со Грција. Ист е и народот. Се е исто. Ма не само што се антиквизирал и македонизирал, туку Фуере почнал да ги дели ставовите на “екстремните радикали” од Македонија како што ги нарекуваше. Вели крајно време било на Грција да и се одземе правото на вето во ЕУ. Сладна фаза ќе биде да почне да ја ословува Грција како “јужниот сосед на Македонија”. Многу сум среќен што Фуере го научи името на државата во која додека беше, никогаш не го изговори. Што и да се случило, на арно нека е… Сега на ред е пак Лидија Димова.

Кој се плаши од проверка на знаење. Во реалноста тоа се оние кои не знаат ништо. Во надреалноста тие се нарекуваат интелектуалци. Едноставно нели… знаењето е аксиома, а таа не подлежи на проверка. Таа се зема здраво за готово. Потписот во индексот на професорот е библиска вредност. Тоа што ти не знаеш да извадиш ДДВ процент во фактура, што не резликуваш тужба од жалба, што мислиш дека телефон и телеграф се современи комуникациски системи… е тоа е професорска догма, која никој не може… односно не смее да ја разбите. Е да… се плашат и други. Оние кои на предавање, место наука, шират политика….

Марјан Николовски – Новинар

извор:денешен.мк

Коментари

Популарно