Убиецот од Кавадарци имал список - планирал да убива и политичари!

Според тврдењата на кавадаречката чаршија, изминатите два дена додека траеше потрагата по него многумина живееле во страв. Полициско обезбедување освен пред домот на неговата поранешна сопруга каде беше извршено тројното убиство и пред неговата семејна куќа имало и на уште неколку локации.

C40276C8B924B8479CBD0F506658D1DF

Неофицијалните информации се дека Станоев упатил закани за ликвидација и до вработени во кавадаречкиот суд. Закани добивале и претставници на локалната власт. Тони Станоев сметал дека многумина се виновни за неговата судбина.

Иако пукал прецизно и со по само еден испукан куршум ги ликвидирал жртвите тој сепак при апсењето барал одговор од полицијата дали некој преживеал.

По неговото апсење во Кавадарци се чувствува олеснување. Стравот изминатите два дена ги мачеше жителите на градот од Тиквешијата, бидејки беше познато дека Тони шета со пиштолот во рака. За среќа двата преостанати куршуми не ги искористил.

Коментари

Популарно