ТАМАРА: Има докази за местењето на Скопски!

Скандалот со групното телефоско гласања на Скопскиот фестивал добива нови размери откако МВР поднесе кривична пријава за четири лица. 

1002527_811031522250901_5067609034660942385_n

Сопственик на продукција, пејачи , сопственик на фирмата што го спроведувала телефонското гласање се товарат за злосторничко здружување и компјутерска измама за телевоутингот  на скопски фестивал . МВР го прошири списокот , на листата осомничени е и уште еден познат  пејач и автор кој бил фатен на дело со купишта сим картици.  Постапката привремено е прекината за  познат  пејач и композитор  кој се наоѓа во странство.

Тамара Тодевска годинава го освои второто место и вели дека има докази за местенката,  не само годинава , туку и порано и на други фестивали.

– Само сакам да се дознае за ова и тие луѓе да бидат казнети. Имам докази и ќе ги покажам, вели таа.

Скандалот со местенката која ја откри МВР фрли сенка врз изборот на победници.  Добитникот на првата награда Даниел Кајмаковски, вчера изјави дека  очекува  расчистување на овој случај.

МВР не ја исклучува можноста да провери дали имало местенки и на другите фестивали, а ќе проверуваат и како овие осомничени успеале да дојдат до огромниот број на картички кои  се заведени на лажен идентитет и непостоечка адреса.  Целта  била со тие гласови да стигнат до 45 000евра, награди за првите три места.

Коментари

Популарно