ВИДЕО: Има 22 години а веќе е милионер - нема да верувате како ги заработил парите!

Во светот на гејмингот  е познат како Nadesho, а неговото име е Мет Хаг. Тој е најпознатиот играч на Call of Duty , а неговата годишна заработка изнесува повеќе од милион долари.

Untitled

Ова 22-годишно момче од Чикаго пред три години работело во Мекдоналдс, а денес е професионален играч на видео игри, пренесува New York Times. Живее заедно со тројца колеги и заедно се меѓу еден од најпознатиот гејмерски тимови во светот. По цел ден вежбаат, имаат тренери, физиотерапевти, масажи и слично.

Мет е доста активен на својот YouTube канал преку кој комуницира со обожавателите. Негов главен спонзор е Red Bull кој му ги плаќа сите трошоци за турнеите по светот како и професионалниот тренер. Тој постојано е активен на Twitter, Instagram, Facebook и YouTube каде ги споделува успесите. Без сомнение тој истовремено е продуцент, режисер и ѕвезда на сопствено реално шоу.

Годинава овој млад гејмер ќе ја заврши со заработка поголема од милион долари годишно.

Коментари

Популарно