Видео: Зошто сите затвореници сакаат а бидат сместени во делот за хомосексуалци?

Затворениците буквално се борат и се натпреваруваат кој ќе биде сместен во овој дел од установата. Во окружниот затвор во Лос Анџелес постои крило во кое се сместени само луѓето кои припаѓаат на геј популацијата и затворениците прават сè за да се сместат таму.

gej_zatvor

Крилото само по себе не e посебно уредено ниту пак има било какви предности во однос на другите делови од затворот, освен што нема насилство помеѓу затворениците, па поради тоа геј затворениците сакаат токму таму да се сместат. Сепак, има и такви кои фолираат и лажат дека се геј, само управата да им дозволи да бидат таму.

- Прво им поставуваме прашања дали посетуваат геј барови. Ако кажат да, тогаш ги прашуваме кои и бараме да ни ги опишат тие барови за кои ќе кажат дека ги посетиле претходно, па ги прашуваме и ситници со цел да дознаеме дали навистина биле таму, вели еден од чуварите кој е задолжен за безбедноста и преместувањето на затворениците во „геј крилото“.

Коментари

Популарно