Има 19 години, а веќе заработува милиони. Прочитајте како

Интернетот го смали светот и го направи едне целоснаи заедничка економија, па секој кој има талемт и време, може да заработи на глобалниот пазар. Бетани Мота го направи токму тоа. Таа се прослави на YouTube мрежата . Бетани заработува милиони на нејзиниот YouTube канал кој го следат огромен број на луѓе.

bethany-mota-milionerka-03

Сепак, Бетани не успеа преку ноќ, туку вредно работеше за да дојде до овде каде што е сега. Освен што прави видео записи со совети за убавина и стил, таа е и модна дизајнерка, редовно гостува како судија во емисијата "Project Runway" и учествува во емисијата "Танц со ѕвездите".

Ова се нејзините совети во врска со сето она што ви е потребно ако сакате да успеете на интернет мрежата.

1. Бидете свои

Луѓето ги привлекува токму автентичноста!

2. Бидете доследни и поставувајте видео записи што е можно почесто

Британи во едно интервју изјави дека околу правењето и поставувањето на видео записи на YouTube мрежата е најважно искрено да го сакате она што го правите и да бидете искрени кога зборувате за нешто, бидејќи луѓето по вас ќе можат да оценат дали сте доволно страствени за она за кое говорите.

3. Мора да бидете страствени

Ако тоа го правите само за да постигнете успех, тогаш секако нема да успеете. Но, и покрај сите нови проекти на кои работи, Бетани и понатаму едитира, планира и креира нови видео записи – токму како што таа правела отсекогаш. Таа открива дека понекогаш и' се потребни 2 до 3 дена за да среди одреден видео запис пред да го објави. Најпрво набавува се' што и' е потребно и за што сака да зборува и дури потоа започнува со снимањето.

4. Останете поврзани со својата публика

Дури и ако имате само пет следбеници, мора да се фокусирате на својата публика и да направите нешто квалитетно за нив. А најважно пред се' е добро да се забавувате!

Коментари

Популарно