ГАЛЕРИЈА: Ѕирнете во тајниот бункер на Титот вреден 4,6 милијарди долари

Во раните 1950-ти години, Јосип Броз Тито, покојниот водач на поранешна Југославија, наредил да се изгради таен бункер што ќе ја заштити владејачката класа на земјата во случај на нуклеарен напад.

tito07

Лоциран 270 метри под земја, во близина на босанскиот град Коњиќ, овој 26-годишен проект бил завршен дури во 1979 година, една година пред да почине Тито, а бил изграден по цена што е еквивалентна на нешто под 4,6 милијарди долари.

Доколку се снабдува со потребните продукти, бункерот и сега може да послужи за целта за која е наменет – овозможувајќи им на 350 луѓе да живеат и да работат шест месеци без воопшто да излезат надвор.

Асошиејтед прес пишува дека влезот е скриен зад неугледна врата од гаража на осамена куќа на крајот на еден напуштен пат, ископан во планината зад куќата. На 6.500 квадратни метри таму се распослани повеќе од 100 мали спални, канцеларии и конференциски сали, декорирани со едноставен мебел и задолжителниот портрет на Тито во неговата униформа со многубројни одликувања.

Фотографот на Ројтерс Дадо Рувиќ го посетил местото и ги фотографирал застарените соби и мебел, кои изгледаат како тунел кон минатото.

Коментари

Популарно