Први Nestlé безглутенски житарки за доручек на македонскиот пазар

Компанијата Nestlé лансираше безглутенски житарки за појадок Corn Flakes и Gold Flakes на македонскиот пазар. Станува збор за први безглутенски житарки на домашниот пазар кои имаат сертификат од Европското здружение за целијакија (AOECS) кои на самото пакување имаат препознатлив знак прецртан клас пченица.

Corn Flakes 500 Gluten Free 3D

Целијачната болест од која според проценките на надлежните здравствени институции болуваат околу 5.000 луѓе во Македонија, се карактеризира со нетолеранција на глутен-белковини во организамот кој ги има во пченицата, р’жот и јачменот. Коа ќе се земе во предвид и бројот на луѓе кои немаат проблем со целијакија, туку некој друг проблем поврзан со нетолеранцијата на глутен бројката е значително поголема.

,,Nestlé житарките за појадок Corn Flakes и Gold Flakes без глутен се потребни на се поголем број луѓе заболени од целијакија, односно оние кој страдаат од трајно пореметување на нетолеранција на глутен. За да се осигураме да имаат повеќе избор, го проширивме асортиманот на житарки за појадок.

Новите производи се резултат на иновација во наштата технологија за производство, која ги подржува посебните услови за производство на безглутенски производи, за кои е неопходно да се исполнат сложени услови, со што би се спречила вкрстената контаминација на производите. Производството на Nestlé Corn Flakes и Gold Flakes во целост ги задоволува строгите критериуми на производство.

Corn Flakes 250g Gluten Free 3D

Corn Flakes и Gold Flakes без глутен коа станува збор за вкусот се еднакви на другите производи, а притоа се збогатени и со витамини”, изјави Александра Малешевиќ, нутриционист на компанијата Nestlé Adriatic.

Луѓето кои имаат целијакија секојдневно се сретнуваат со предизвици да го организираат доволното внесување на витамини и минерали, како што се железо, калциум, магнезиум и витамините Д и Б. Тоа е посебно изразено кај луѓето без поставени дијагнози или оние кои не се лечат правилно, и доаѓа до проблеми на апсорбирање на потребните хранливи материи во организмот, доведувајќи ги организмите до неухранетост. Затоа луѓето кои се придржуваат на строгите безглутенски диети треба се трудат да конзумираат што поголеми количини на храна богата со витамини и минерали, за да им се олесни борбата против оваа болест.

Коментари

Популарно