ФОТО: Се ожени Марио Ѓуровски… и на свадбата го облече „најлудиот“ костум на сите времиња!

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Марио Ѓуровски „рипна во тавче“, но на својата свадба се појави облечен во ексцентричен костум во зелена боја. Знаејќи го неговиот темперамент, ова не треба да нѐ зачуди, зашто тој често имашенеобични прослави при постигнувањето на головите за тајландскиот Мунгтонг јунајтед.

mario-djurovski

На свадбената церемонија беше и неговиот татко, прославениот ас Милко Ѓуровски, кој деновиве се поврзува со местото тренер на Раднички Ниш. Не е познато дали на свадбата присуствува македонскиот селектор Бошко Ѓуровски, кој му чичко на славеникот…

Коментари

Популарно