Новите сообраќајни казни стапија на сила - Еве колку ќе плаќаме

Со новата година, ни доѓаат и новите сообраќајни глоби за прекрѓоците во сообраќајот. 

tocka-138703

Казна од 6.000 денари ќе треба да платите ако не носите заштитен појас, ако не сте ги вклучиле светлата или ако зборувате на мобилен. Ова се глобите за прекршоци кои возачите ги демнат од самиот старт. Понатаму, секој одминат километар претставува можност за уште некој сообраќаен прекршок ако ве улови полицијата како не ги почитувате правилата.

На пример, за непрописно паркирање глобата е 45 евра. 250 евра ако возилото е паркирано во близина на пешачки премин или крстосница. Ако на пешачки премин возачот не пропушти пешак глобата изнесува 250 евра. Ако ве улови радар, а сте ја надминале дозволената брзина, казната во град е 20 евра. Ако полицијата ве фати да „летате" на јавен пат, ќе платите 300 евра.

Исто така ако го возите вашето дете, кое нема 12 години, а седи на предното седиште, тогаш глобата која ќе треба да ја платите е 45 евра.

Според новиот закон УЈП присилно ќе ги наплаќа казните за сообраќајните прекршоци од сметките на возачите.<

Коментари

Популарно